Опис на програма

Главна и основна цел на програмата е стекнување на знаења, вештини и обуки за правилно и безбедно управување со повеќе различни видови на СNС машини, безбедно и правилно користење на опремата при изработката на различните делови, склпови и потсклопови,  почитување на безбедноста и користење на зачтитна опрема при работа со СNС машини.

Програмата се темели на реалните стандарди на занимањето кои се постигнуват преку стручно теоретски содржини и практични обуки во времетраење од 320 часа, и води до стекнување на сертификат – РАКУВАЧ СО СNС МАШИНИ. Дел од содржините на стручните теоретски обуки се реализират во кабинет и се во функција на практичните обуки кои пак се изведуват во работните простории со соодветен простор и опрема (СNС машина) за извршување на обуката.                               Бидејки целта на програмата е стекнување на практични вештини и знаења неопходно е одредени стручно теоретски содржини да бидат споени со практичната обука.

Учесници во програмата се лица со наполнети 18 години и со завршено минимум средно образование – занимање или било кое друго средно образование.

По успешното завршување на програмата учесникот во програмата ке се оспособи за смостојно ракување (оперирање) со СNС машини односно ке се обучи за читање на техничка документација (технички цртежи) самостојно планирање, организирање и спроведување на зададените техничко технолошки задачи при производството на различните делови, склопови и потсклопови применувајки ги при тоа сите законски обврски, правила и прописи за безбедно работење користење на заштитната опрема водејќи грижа за сопственото здравје, здравјето и безбедноста на другите лица водејќи правилен однос кон  средствата за производство (машините), алатите, опремата и другите материјални добра со кои располагаме и работиме. По завршување на програмата се полага завршен испит со чиј позитивен исход учесникот се здобива со сертификат – „РАКУВАЧ СО СNС МАШИНИ“ .

Вреднувањето на постигнувањата кај учесниците се спроведува во текот на обуката и на крајот на реализираната програма.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

Наполнети 18 години Минимум средно образование

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 95
No instructions found !
Пракса 225
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support