Опис на програма

Програмата е насочена кон стекнување на вештини за планирање на растот на бизнисот и продажбата.

Секој чекор од процесот е поддржан со практични алатки за планирање и водење на продажбата на претпријатието,  вежба за алатката и користење на резултатите од вежбата за изработка на план за продажба Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за користење применливи алатки за  раст на продуктивноста, продажбата и профитот на претпријатието.

Времетраењето на програмата е  25 училишни часа.  Теоретска настава се состои од интерактивни методи за учење на возрасните. Наставната содржина е ориентирана според интелектуалните способности и потреби на учесниците. Практичната обука се состои од активности на  учесникот, организирани во тестови и вежби, презентација на успешни практики, индивидуална и групна работа и пополнување на обрасците за планирање на продажбата и 5 акции за ширење на бизнисот.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршување на теоретскиот, со писмен тест и завршен испит за практичниот  дел со усмевна презентација на изработениот план за продажба После положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат за Планирање на продажбата за раст на бизнисот

Резултати од програма

[:mk]После завршување на обуката учесникот ќе биде способен да: - дефинира индикатори за раст на бизнисот и индикатори за успешност во однос ан продуктивноста, продажбата и профитот - ги користи претприемачките карактеристики за поставување бизнис цели - применува алатки за подготовка на план за продажба - Го организира спроведувањето на планот на продажба преку 5 неделни акции за ширење на бизнисот; - Ја организира продажната сила и го мери успехот во продажбата По успешното завршување на програмата учесникот ќе биде способен да го направи следното: да дефинира продажни цели да развие план на продажба, да ги користи алатките за спроведување на планот на продажба .[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Искуство во менаџирање на  мали и средни претпријатија и /или во раководење на продажбата. Почетници во водење на претпријатие.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 40
Пракса 13 52
Оценување 2 8
Вкупен број на часови 25
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support