Опис на програма

Програмата  Рачно плетење и везење се состои од пет тематски целини и тоа  организирање на  работата и  планирање на потребниот  основен и помошен материјал за рачно плетење  и рачно везење и подготовка на работното место, рачно плетење, рачно везење, аплицирање на деталите од плетње и везење на финален производ ,кроење и шиење и претприемништво и заштита на работата, здравјето и околината.

 

Крајната цел која треба да се постигне со оваа програма е стекнување на вештини и компетенции како и техники од традиционалното плетење и везење и нивно аплицирање во современо дизајнирани производи за внатрешно уредување декоративни јастуци,чаршави за маса,прекривки за кревет,покривачи за кревет,драпери,постелини и сл. според скици од моден дизајнер .

Обучувачот по практичниот дел го следи напредокот во стекнување на вештините при плетење и везење кај учесникот,а потоа учесниците работат со моден дизајнер и потикнување на креативноста за создавање модерни производи со треадиционални мотиви рачно извезени или исплетени кои ќе се користат во внатрешно уредување.

Програмата треба да создаде обучени кандидати кои постојано ќе се образуваат и усовршуваат и ќе ги следат модните трендови во внатрешниот дизајн и успешно ќе ги промовираат и пласираат своите производи на домашните и светски пазари на креативни индустрии и ќе станат успешни претприемачи .

Услов за стекнување на сертификат за занимањето   Рачно плетење и везење е учесникот успешно да ги постигне зацртаните цели и на крајот да го положи финалниот тест кој се состои од стручно -теоретскиот дел и практична задача[:]

Резултати од програма

[:mk]По завршувањто на обуката според програмата за  Рачно плетење и везење учесниците рачно везат и плетат или аплицираат детали на модерно дизајнирани елементи (јастуци,завеси,драпери,прекривки, ,чаршави,постелини,салфети,крпи и сл) за внатрешно декорирање , ги шијат , завршно ги доработуваат и ги пласираат на пазарот на креативни индустрии[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Влезот во ова занимање е слободен. Може да учествува секој што има желба  и мотивација.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 8 8
Пракса 83 83
Оценување 9 9
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support