Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции потребни за занимањето Рецепционер. Програмата е составена од шест тематски целини кои ќе му помогнат на учесникот да стекне знаење и комуникациски вештини потребни за извршување на оперативните и административните активности поврзани со работното место Рецепционер. Според наставниот план обуката трае 220 часа, во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за работна оспособеност за програмата Рецепционер.

Резултати од програма

[:en] [:mk]По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • планира и организира работно место;
  • подготвува и испраќа дневни, месечни и годишни планови и налози за работа;
  • подготвува дневен план на активности;
  • прима резервација за вид на соба, период на користење на услуга и вид на услуга;
  • презентира и нуди специјални понуди и услуги кои ги нуди хотелот;
  • комуницира со гости според правила на модерна комуникација;
  • организира пречекување и пријава на гости;
  • информира и советува гости за хотелските услуги како и културни, забавни и спортски активности во градот и околината;
  • презентира пропаганден материјал;
  • отвора, составува и затвора хотелска и собна сметка;
  • пресметува и наплатува пансионски и вонпансионски услуги;
  • воспоставува градски, национални и меѓународни телефонски врски по барање на гостинот;
  • прима, евидентира и доставува пораки за гостите;
  • организира испраќање и одјавување на гости;
  • подготвува и води работна документација, извештаи и прегледи;
  • интегрира туристичко – угостителски узанси во деловната соработка со клиентите;
  • почитува рокови за реализација на преземените обврски кон клиентите и деловните партнери;
  • применува култура на говор и однесување;
  • координира активности на другите одделенија во хотелот.
  • избере соодветен начин на комуникација при решавање на конфликти;
применува заштитни мерки и средства при работа.[:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:en] [:mk]Завршено минимум основно образование. Не е потребно да се поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област. Кандидатите треба да бидат постари од 17 години[:al] [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 55 25
Пракса 150 68
Оценување 15 7
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support