Опис на програма

Програмата за обука на Рецепционер има за цел стекнување на професионални квалификации на учесниците на истата преку утврдени тематски целини кои опфаќаат работни задаќи на рецепционер во хотел.  Програмата вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини потребни за оспособување да работат како рецепционери.

 

Теоретскиот дел содржи тематски целини со кои учесниците се стекнуваат со потребните знаења предвидени во содржината, специфични за туристичката дејност, и истите се однесуваат на реални работни задачи и активности кои ги извршува лице рецепционер во хотел. Теоретскиот дел е составен од вкупно 60 часа.

 

Практичниот дел од програмата подразбира реализација на практично работење на работните задачи на рецепционер, а заради стекнување на практични знаења и демонстрирање на истите во пракса. Во овој дел се обезбедува реално работење на рецепционер, односно спроведување на задачите во реални услови, при што учесникот практично го стекнува, а понатаму и покажува знаењето утврдено во програмата. Практичниот дел е составен од вкупно 130 часа.

 

Наставната програма за Рецепционер е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на основни познавања, но и вештини заради полесно вклучување на пазарот на трудот, и квалификација и/или доквалификација на нивното образование и знаење. Можноста за напредување е во степенот на нивната доквалификација преку оваа програма која треба да придонесе за полесно вклучување на учесниците на пазарот на трудот во Република Македонија.

Резултати од програма

[:mk]По спроведување на обуката од Програмата,  учесникот ќе биде способен да:
  1. Подготвува, организира и извршува работни задачи
  2. Рационално користи материјали, опрема и време
  3. Комуницира со соработници и корисници на услуги на странски јазик
  4. Користи компјутерска технологија и софтверски алатки за реализација на работните задачи
  5. Применува принципи на работна култура во комуникацијата со деловни партнери, клиенти и соработници
  6. Резервира и издава сместувачки капацитети
  7. Прима, сместува и испраќа гости
  8. Информира и советува гости
  9. Пресметува и наплатува услуги
  10. Врши телефонски услуги
  11. Ракува со собните картици (клучеви)
  12. Подготвува извештаи и статистички прегледи
  13. Обезбедува квалитет на работата на помошниот персонал
  14. Врши надзор на работењето на помошниот персонал
Применува мерки за заштита на клиентите и околината, во согласност со хигиенско-технички, противпожарни и други заштитни мерки[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]
  1. Да има најмалку средно образование
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 130 65
Оценување 10 5
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support