Опис на програма

Главната цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за подготовка, прилагодување и сервисирање  на машини за шиење со зрнест, ланчен бод и оверлок машини.

    По завршување на оваа програма учесникот ќе биде оспособен да:

  • Ги подготвува машините за производство
  • Прилагодува машини пред пуштање во производство
  • Дијагностицира дефект во најбрз можен рок
  • Отстранува дефекти на машините
  • Применува заштитни мерки при работа
  • Пишува извештаи од интервенците на машините

    Покрај теоретскиот дел со вежби особен акцент е ставен на практичната обука на учесниците. Теоретскиот дел на програмата со вежби се реализира во училница и опремена работилница, а практичната обука се изведува во реални услови, во текстилни компании. При разработката  на стручната теорија со вежби ќе се води сметка за индивидуалните можности и способности на учесникот и истата ќе се реализира  преку активни методи. На крајот на успешно реализираната обука учесникот ќе се стекне со сертификат за работна оспособеност за сервисирање на машини за шиење. 

    Во програмата ќе се вклучат учесници со завршено средно образование.

    Обуката ќе се состои од три дела, теоретски предавања, предавања со вежби во специјално опремена работилница и практична обука во текстилни фабрики, во траење од 300 наставни часа.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката учесникот ќе биде во состојба да:
  • Ги подготви машините за работа така да бидат избегнати сите проблеми кои би се појавиле за време на користење на истата од страна на операторот
  • Ги прилагоди машините со што ќе се добие совршен бод без разлика на условите во кои се врши шиењето
  • Ги отстрани дефектите кај машините навремено и квалитетно
  • Примени мерки на заштита за себе, оперторот и компанијата во согласност со важечките препораки и прописи за безбедност на работно место
  • Пополнува техничка книшка и
  • Извештаи од интервенциите на машините
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Средно техничко ( електро-машинска струка), гимназиско средно образование со искуство во текстилните фабрики ( 3 години).[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 80 27
Пракса 200 67
Оценување 20 7
Вкупен број на часови 300
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support