Опис на програма

На основното ниво словенечкиот јазик се изучува како странски јазик. Комплетот учебници според кои се работи е наменет за возрасни учесници на почетните курсеви. Комплетот за обука вклучува учебник и работна книга  како и две ЦД – а за  слушање текстови. Комплетот е наменет за настава во училница и се реализира во 64 часа  со соодветен избор на содржини, исто така, може да се користи и за пократки и многу интензивни курсеви.

Целта на наставата на основно ниво е да се постигне ниво А1 според Заедничката европска референтна рамка. Таа им овозможува на корисниците основни зборови и модели за комуницирање на комуникативен начин. Со учење, тие можат да продолжат да го следат  предавањето по словенечки јазик  на повисоко ниво (Б1). На основното ниво се  изучуваат сите падежни форми, сегашно, минато и идно време, условниот начин,   основните фрази за комуникација.

Резултати од програма

Со завршување на основното ниво учениците ќе се стекнат со основното познавање на словенечкиот јазик, односно ќе можат да ги разберат зборовите и фразите од секојдневниот живот.

Критериуми за влез во програмата

Завршено минимум основно образование.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 29 91
Пракса 1 3
Оценување 2 6
Вкупен број на часови 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support