Опис на програма

Програмата за обука за службеник во книговодство овозможува стекнување на
професионални квалификации кои се утврдени во тематски целини за спроведување на
обуката, и истата опфаќа теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел содржи тематски
целини со кои учесникот на обуката се стекнува со потребните теоретски знаења
предвидени во содржината на самите целини. Со практичниот дел од програмата се
реализира практична настава заради стекнување со практични знаења и демонстрирање на
стекнатото знаење на кандидатот во пракса.
Наставната програма за службеник во книговодство е наменета за лица кои сакаат или имаат
потреба од стекнување на основни познавања на книговодството, што ќе им овозможи
проширување на знаењата и вештините, а заради полесно вклучување на пазарот на трудот.
Програмата службеник во книговодство на учесникот ќе му овозможи стекнување на основни
знаења и вештини кои треба да послужат за понатамошно усовршување и продлабочување.
Програмата нуди образовни области од книговодството како што се: Планирање на работни
активности и Организирање на работата, Обезбедување на повратни информации и извештаи
за тековното работење, Водeњe na почетна состојба на средства и извори во вид на почетен
биланс и отвора конта на средства и извори врз основа на документи за основање кај
новоформиран деловен субјекти, Врши Пресметковни работи Проверува формална,
материјална и пресметковна исправност, Изработува финансиска документација и Води
книговодствена евиденција за услужни компании и остварува Комуникација и одговорност.
Теоретскиот дел ќе се одвива во работните простории на центарот каде преку работни
алатки и материјали ќе бидат предавани тематските целини наведени во структурата. Во
рамки на овој дел учесниците ќе се служат и со информатичко-компјутерска технологија,
односно обучувачите ќе ги предаваат тематските целини на учесниците и ги образложат
основите на книговодството преку нивно реално согледување на информатичко-
компјутерска технологија. Ќе биде користен и соодветен материјал, табла за пишување,
преглед на презентации и итн. Во рамки на практичниот дел учесниците континуирано ќе се
служат со информатичко-компјутерска технологија, преку која на реален начин ќе учат и ќе
подготвуваат соодветна книговодствена евиденција, извештаи и останати книговодствени
работи. Во овој дел учесниците под менторство на овластен книговодител ќе имаат
директен преглед за водење на книговодствена евиденција и можност во одреден дел или
целосно да подготват соодветен извештај или останата книговодствена активност.
По завршување на обуката се спроведува испит за теоретски и практичен дел. Теоретскиот
дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини како содржина на
обуката. Практичниот дел од испитот подразбира симулација на водење на книговодство
при што кандидатот практично го покажува знаењето кое го стекнал од предвидената
програма за обука на службеник во книговодство.

Резултати од програма

[:mk]Примарни резултати од спроведување на оваа програма се обучени службеници во сметководството кои ќе одговорат на поставените цели на програмата, односно се очекува да се креираат кадри кои ќе бидат обучени согласно најновите книговодствени практики и успешно ќе ги извршуваат книговодствените работи. Конкретни резултати од реализација на оваа Програма се учесниците да ги поседуваат следните знаења од книговодството по завршување на обуката: - Планирање, организирање и контрола во книговодственото работење; - Почетна евиденција во книговодственото работење во услужни компании; - Ликвидирање на влезни и излезни документи; - Изработка на финансиска документација; - Вршење на пресметковни работи; - Водење на евиденција на документи во книговодственото работење; - Остварување комуникација и известување; - Одговорност кон средствата за работа во книговодственото работење; - Заштита на безбедноста и здравјето во работната средина во книговодствено биро.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]За учество на обуката за Службеник во книговодство кандидатите треба да ја поднесат следната документација: 1. Уверение за државјанство 2. Извод од матична книга на родени 3. Доказ за завршено средно образование[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 60 60
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support