Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за занимањето Службеник во книговодство  и истата е со тромесечно времетраење, односно 380 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница / кабинет и се во функција на практичната обука која пак се реализира преку практични вежби од книговодствени работи со сертифицирани (овластени) сметководители за различни видови трговски друштва  од производна  и трговска дејности на соодветни софтвери. Практичната обука се реализира преку реални вежби од работа на документација од трговски друштва  кои се занимаваат со производство и трговија; набавка и продажба на стока и услуги и сите промени што овозможува учесникот административно за време на обуката да прати и операционализира промени во потребни книговодствени процеси почитувајќи ја законската регулатива, да соработува  со останатите вработени  и тимот,  деловните партнери, институциите  и/или клиентите со кои ќе  разменува информации важни за ефикасно  извршувањето на работата, и ќе биде овозможена  квалитетна комуникација со клиентите и деловните партнери, заштита на работната и животната околина. По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се здобива со сертификат Службеник во книговодство  по верифицирана програма од Установа верифицирана од МОН.

Резултати од програма

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  изведување на работи од сметководственото работење  во трговски друштва од производна и трговска дејност, ќе ја планира, организира  и контролира работата, ќе користи информатички систем за сметководство ќе  евидентира сметководствени настани врз основа на влезна и излезна документација, ќе води деловни книги и пресметковни работи за трошоците, , ќе ликвидира  влезни и излезни документи  ќе изготвува   годишна сметка и основните финансиски извештаи, ќе доставува  информации за интерна и екстерна  контрола и интени и екстерни  корисници, ќе почитува и применува пропишана законска регулатива  и стандарди, тимски ќе  работи и соработува, ќе ги користи средствата за работа, ќе се грижи за сопственото здравје, здравјето на клиентите и околината, ќе ги познава правата и должностите од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис.

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку средно образование

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 114 30
Пракса 228 60
Оценување 38 10
Вкупен број на часови 380
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support