Опис на програма

Програмата за практична обука за одговорен сметководител е наменета за секое лице кое сака да се стекне со знаења поврзани со: правната рамка која го регулира трговското право, основите на администрирањето на бизнисот, даночната легислатива на Р. Македонија, изготвување на книговодствените документи кои се резултат на деловните процеси врзани со трговијата на мало и големо, понапредни сметководствени операции поврзани со евиденција на настаните во системот на финансиското сметководство, составувањето на основните даночни извештаи под надзор на УЈП како и операциите поврзани со составувањето на задолжителните годишни финансиски извештаи пропишани со ЗТД, а кои се поднесуваат до ЦРМ. Обуката опфаќа теоретски, практичен дел како и часови за проверка на знаењето. Теоретскиот дел се базира на тематски целини со кои учесникот на обуката се стекнува со потребните теоретски знаења кои се темел за понатамошната практична работа. Теоретските предавања ќе се одржуваат делумно на табла, делумно со помош на power point презентации. За поткрепа на теоретскиот дел од настава секој учесник ќе добие прирачник, публикуван под посебен CIP и ISBN број согласно Каталогизацијата на НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје а напишан од предавачите така што ќе одговара на уникатните потреби на програмата. Практичниот дел од програмата се фокусира на работа на сметководствен софтвер каде слушателите на обуката, освен тоа што ќе се стекнат со чувство за практична работа, ќе развијат и логика за начинот на кој книговодствените и сметководствените процеси може да се автоматизираат заради остварување на оптимализација на процесите поврзани со работните активности во овој домен и зголемување на ефикасноста при еднакво ниво на ефективност во работата. Обуката ќе ја одржуваат врвни практичари од областа со повеќегодишно искуство и академска позадина во конкретната област. Евиденцијата ќе се одвива врз основа на копии од оригинални документи. Слушателите во рамките на практичната настава ќе имаат можност да учествуваат и во секојдневните операции во рамките на нашиот сервис за деловни услуги и од прва рака да ги увидат операциите и активностите во едно сметководствено биро. Конкретно, дел од можностите за стекнување на знаења кои ги нуди програмате се: регулирање на сметководствената професија во Македонија, сметководствените аспекти во ЗТД, деловни субјекти обврзани да водат двојно или просто сметководство според ЗТД, првични согледувања околу даночните политики во Македонија, осврт на ПДД и данокот на добивка, системот на ДДВ – почетни разгледувања, пресметани и пропишани стапки, пропишан изглед на фактура или фискална с-ка за целите на ДДВ, сметководство – основни термини и принципи, терминологија, сметковен план, почетни книжења на основачки влог, основни и обртни средства, книговодствени документи во трговијата на мало: задолжување на малопродажен објект, книжења на благајна и трансакциска сметка, одобрување на малопродажен објект за вредност на продадена залиха, книжења на купопродажни трансакции при трговија на големо, калкулација и евиденција при увоз на добра, евиденција на трошоци, амортизација, концептуална сметководствена разлика помеѓу трошоците и расходите, пресметка и книжење на плати, начин на пресметка на бруто-плата, сметководствена евиденција при безготовинско подмирување на обврските: компензација и цесија, утврдување на резултатот од работењето за деловната година (периодично „затворање“ на трошочните, расходните и приходните конта), составување на даночни биланси и завршни с-ки, план врз основа на анализа на податоци итн. За реализација на програмата се предвидени 180 часа, од кои 54 за теорија, 108 за пракса и 10 за оценување. По успешно завршување на обуката слушателите се стекнуваат со сертификат за успешно завршена обука „Службеник во книговодство“.

Резултати од програма

[:mk]Основен резултат кој се очекува од спроведувањето на оваа програма се обучени кадри, согласно целите на програмата, кои ќе може да одговорат на барањата на пзарот на труд и активно да се вклучат во општетсвено-економските текови и процеси во Македонија, давајќи придонес за понатамошен развој на книговодствената и сметководствената професија во Македонија. Специфично, резултатите од програмата треба да соодветсвуваат со исполнувањето на целите од спроведувањето на истата:
  • Стекнување со способности и вештини врзани со планирањето, организирањето, контролирањето и координирањето на активностите поврзани со книговодственото и сметководственото работење согласно МСС, МСФИ, релевантните даночни законски прописи, ЗТД, Законот за трговија и останатите релевантни законски и подзаконски прописи;
  • Запознавање и почитување на главните законски рокови поврзани со изготвување и еведиденција на книговодствените документи, нивното евидентирање, поднесувањето на релевантните даночни извештаи и годишни финансиски извештаи;
  • Подготовка на книговодствени документи и деловни книги за евиденција;
  • Евиденција и проверка на книговодствени документи (фактури, испратници, калкулации и останати документи поврзани со трговијата на мало и големо);
  • Разбирање на автоматизацијата на процесите од изготвување на книговодствените документи до бележење на деловните настани во сметководствениот информациски систем;
  • Евидентирање на сметководствените настани врз основа на интерно генерирана и влезна документација;
  • Стекнување на вештини и знаења за извршување на прелиминарни пресметки и проверки врзани со финансиско-сметководственото работење;
  • Стекнување на вештини и знаења за извршување на проверки и пресметки пред изготвување на даночни извештаи;
  • Изготвување на даночни извештаи;
  • Работа во системот е-даноци на УЈП;
  • Подготовка на годишна сметка и финансиски извештаи;
  • Работа во е-системот на ЦРМ;
Комуникација и дисеминација на информации до екстерни корисници (банки, кредитори, доверители, владини агенции и надлежни органи и сл.) и интерни корисници (менаџмент, сопственици и сл.).[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]За учество на обуката кандидатите треба да ја поднесат следната документација:
  • Доказ за минимум завршено средно образование
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 54 30
Пракса 108 60
Оценување 18 10
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support