Опис на програма

Наставната програма за службеник во книговодство е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на основни познсавбања на сметководството што ќе им овозможи проширување на знаењата иа вештините заради полесно вклучување на пазрот на трудот.

Програмата службеник во книговодство на слушателот ќе му овозможи стекнување на базични знаења и вештини кои треба да послужат за понатамошно усовршување и продлабочжување.

Програмата нуди образобни области од сметководството како што е водење на сметководствена еводенција, водење деловни книги, почитување на сметководствени принципи, евеиденција на набавка и продажба на трговски добра, магицинско работење , евиденција во платниот промет, ециденција на производството, изработување на сметководствени документи, евиденција на плати, евиденција на материјални и нематеријални вложувања, евиденција на обврски и др.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањто на обуката според програмата службеник во книговодство, учесникот ќе биде подготвен да:
  • користи сметковниот план;
  • применува сметки од сметковниот план во книжењата;
  • евидентира постојаните и текобните средства;
  • евидентира готовинскиот и безготовинскиот платен промет,
  • евидентира побарувањата, материјалите, обврските и капиталот;
  • изработува документи за набавка на суровини и материјали,
  • евидентира набавката на готови производи и трговски стоки;
  • евидентира преносот на готовите производи од магацин во продавница;
  • евидентира набавката и продажбата на трговските стоки;
  • евидентира продажбата на трговските стоки на големо и мало;
  • евидентира и документира увозот и извозот;
  • пресметуваатрошоците, приходите и расходите;
  • изработува калкулации;
  • изработува финансиски извештаи на трговските друштва;
  • евидентира финансискиот резултат;
  • пресметува и распределува добивка;
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Покрај основните критериуми за учество во програмата за службеник во книговодство кандидатот треба да:
  • изрази подготвеност за целосно совледување на програмата;
  • има позитивен пристап за стекнување дополнителни знаења;
  • биде исполнителен во изработката на вежбите
  • има одговорност во изполнувањето на задачите;
  • покаже заинтересираност за работа;
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 60 60
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 96
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support