Опис на програма

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на сметководството и да бидат работно подготвени за занимањето Службеник во сметководство.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.

Целата обука е конципирана како една сеопфатна сметководствена пракса во која учесниците освен што ќе се здобијат со теоретски знаења од областа на сметководстсвото, практично книжат реални документи од областа за која што учат и се среќаваат речиси со сите ситуации што би можеле да ги сретнат на идното работно место како службеник во сметководство.

Времетраење на програмата е 108 часа: 48 часа се посветени на теоретска настава, a 60 часа се практична обука.

Теоретската обука ќе се одвива во училница, а практичната обука ќе се одвива во простории опремени со компјутери и софтвер за сметководство. Ќе се работат практични вежби смислени за потребите на програмата, но и ќе се врши книжење на реални документи од документацијата на трговски друштва што се занимаваат со производство, трговија или услуги. Учесниците, освен што ќе вршат книжења на документи, паралелно ќе ги пратат и сите сметководствени извештаи што се содржат во софтверот за сметководсво: сметководствени картици (синтетички и аналитички), бруто биланси и заклучни листови како и разни други прегледи преку кои можат да ги анализираат прокнижените документи. Исто така, учесниците ќе бидат комплетно запознаени со законската регулатива и стандарди од областа на сметководството, ќе научат да ја следат и спроведуваат, квалитетно и професионално да комуницираат со колегите и работодавците со кои ќе се среќаваат на идното работно место, како и со клентите, што е од голема важност. Ќе бидат запознаени со своите права и обврски на работното место и за мерките што треба да се превземат за заштита на работната околина.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено средно образование[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48
No instructions found !
Пракса 60
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови
No instructions found !
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support