Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетемции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Службеник во сметководство
Времетраењето на програматае 200 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби. По завршување на секоја тематска единица учесниците ќе имаат дел и за оценување на нивното стекнато знаење. Материјата ќе се соовлада преку шест (6) тематски единици
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат ” Службеник во сметководство”
Теоретската обука ќе се реализира во училница/кабинет,
Практичната обукаќе се одвива во простории опремени со информатичка технологија и соовдветен софтвер за сметковотство, за реализација на обукатапреку практични вежби од сметковотствени работи и истата ќе се реализира преку реални вежби, обработкана документација од трговски друштва кои се занимаваат со производство и трговија, набавка и продажба на стока и услуги и сите промени што овозможува учесникот административно за време на обуката да прати и операционализира промени во потребни сметковотствени процеси почитувајќи ја законската регулатива, да соработува со останатите вработени и тимот, деловните партнери, институции и/или клиенти со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршување на работата и ќе овозможи квалитетна комуникација со клиентите и деловните партнери, заштита наработната и животната околина.
Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнат вештини и компетенции.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат “Службеник во сметководство”

Резултати од програма

[:mk]- Следи и применува сметководствени политики и правила и звршува сметководственото работење согласно важечката законска регулатива и меѓународни стандарди; - Примена на системот на двојно книговодтво и правила на книжење; - Познава класификација на сметки во сметковен план - Применува сметковен план при сметководствена евиденција - Извршува сметководствена евиденција и документација; - Врши класификација на средства и извори на средства - Извршува евиденција на постојани (вонтековни средства) средства - Извршува евиденција на обртни (тековни средства) средства - Ги разликува видовите на трошоци и ги познава правилата на нивна евиденција - Извршува евиденција на обврските - Разликува видови на капитал и познава правила и начини на негова евиденција - Разликува трошок и расход; - Евидентира приходи и расходи - Познава правила за евиденција и извршува евиденција на промени на средства, извори на средства, приходи и расходи; - Извршува пресметка на даноци, придонеси и други давачки; - Отвара и води книги за влезни и излезни документи; - Познава методи за калкулативни пресметки; - Извршува калкулативни пресметки; - Извршува пресметки на плати и јавни давачки; - Изработува на финансиски извештаи и годишна сметка; - Познава структурата на финансиските извештаи; - Пресметува и анализира финансиски резултати од финансики извештаи.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум завршено средно образование. Кандидатите треба да бидат постари од 17години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 37
Пракса 113 57
Оценување 12 6
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support