Опис на програма

Програмата за обука на Службеник во туристичка агенција овозможува стекнување на професионални квалификации односно професионално доусовршување и изучување на работните задачи на службеник во туристичка агенција. Стекнувањето на знаење на обуката е преку утврдени тематски целини кои вклучуваат теоретски и практични часови. За време на часовите на обуката целта е учесниците да се стекнат со знаења и вештини кои се потребни за оспособување на учесниците да работат самостојно како службеници во туристичка агенција.

 

Теоретскиот дел содржи тематски целини, соодветно поделени и конципирани, преку кои за секоја од нив одделно учесниците ќе се стекнат со знаење за задачи и останати активности од работењето во туристичка агенција. Знаењата со кои ќе се стекнат учесниците во овој дел се специфични за туристичката дејност.

 

Практичниот дел од програмата подразбира реализација на практично работење во туристичка агенција, а заради стекнување практични знаења и демонстрирање на стекнатото знаење на учесникот на обуката во пракса. Во овој дел се обезбедува работење на учесниците како службеници во туристичка агенција во реални услови. Со практичната настава учесниците ќе имаат можностза реално стекнување на вештини и знаење неопходно за самостојно работење како службеници во туристичка агенција, како оперативни така и административни, технички работни задачи.

 

Наставната програма за Службеник во туристичка агенција е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на основни познавања, но и вештини заради полесно вклучување на пазарот на трудот, и квалификација и/или доквалификација на нивното образование и знаење.

Резултати од програма

[:mk]По спроведување на обуката од Програмата, учесникот ќе биде способен да:
  1. Подготвува, организира и извршува работни задачи
  2. Рационално користи материјали, опрема и време
  3. Комуницира со соработници и корисници на услуги на странски јазик
  4. Подготвува работна документација со користење информатичка технологија
  5. Комуницира со деловни партнери, клиенти и соработници, применувајќи ги принципите на работна култура
  6. Прибира понуди од даватели на услуги за изработка на туристички аранжмани
  7. Продава туристички аранжмани и патничко осигурување
  8. Резервира и продава услуги за сместување
  9. Информира и советува корисници на туристички услуги
  10. Резервира и продава возни билети за сите видови сообраќај освен авионски
  11. Пресметува и наплатува туристички услуги и аранжмани
Подготвува извештаи и туристички прегледи[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Да има најмалку средно образование[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 130 65
Оценување 10 5
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support