Опис на програма

Програмата за обука на сметководител овозможува стекнување на професионални квалификации, знаење и вештини кои се утврдени во тематски целини и опфаќаат теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел содржи тематски целини со кои учесникот на обуката се стекнува со потребните теоретски знаења предвидени во содржината на самите целини. Со практичниот дел од програмата се реализира практично учење заради стекнување со практични знаења. Основна цел на Програмата е усовршување, доквалификација или преквалификација на лица за вршење сметководствени услуги за задоволување на потребите на пазарот на трудот согласно идентификуваниот дефицит и потребата од од страна на бизнис заедницата за истите.

 

Програмата за сметководител е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на познавања од сметководственото работење, што ќе им овозможи проширување на постоечки знаења и вештини или учење на нови, а заради полесно вклучување на пазарот на трудот. Програмата нуди тематски целини од сметководството како што се: Применува и следи важечка законска регулатива и сметководствени политики и правила, Врши почетна сметководствена евиденција, Ликвидира влезни и излезни документи, Изработува сметководствана документација. Изготвува, зачувува и испорачува интерна и излезна документација. Пополнува соодветни финансиски инструменти, проверува точност, води соодветни книги и соодветно ја чува документацијата, Врши пресметковни и готовински работи и тоа пресметува плата, врши пресметка и исплата на даноци, уплати и исплати, Евидентира сметководствени настани врз основа на документи во деловни книги, Учествува во изработка на финансиски извештаи, годишна сметка и финансиски планови.

 

Времетраење на програмата е вкупно 3 (три) месеци и тоа за теорија 88 часа, за пракса 110 часа и за оценување 22 часа.

 

Теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во опремена просторија, а практичниот дел ќе се реализира во опремена просторија или сметководствено биро.

 

Теоретскиот дел ќе се спроведува преку работни алатки и материјали и ќе бидат предавани тематските целини наведени во структурата на оваа Програма. Во рамки на овој дел учесниците ќе се служат со информатичко-компјутерска технологија, односно тематските целини ќе бидат предавани преку работни писмени материјали и обрасци, со фокус на учење преку информатичко-компјутерска технологија. Ќе биде користена и табла за пишување, презентации итн.

 

Во рамки на практичниот дел учесниците континуирано ќе се служат со информатичко-компјутерска технологија, преку која на реален начин ќе учат за сметководствените активности и услуги. Во овој дел учесниците под менторство на сметководител ќе имаат директен преглед за водење на сметководствена евиденција, извештаи, пресметки и останати активности.

 

По завршување на обуката се спроведува тестирање на знаење и тоа писмен тест за стекнато теоретско знаење и задача за проверка на практично знаење. Во теоретската проверка ќе се цени знаењето од тематските целини како содржина на обуката. Практичната проверка подразбира симулација на вршење сметководствена активност при што кандидатот практично го покажува практичното знаење кое го стекнал на обуката.

 

По проверка на тестирањето, врз основа на остварените резултати на учесниците им се доделува Сертификат со назив Сметководител.

Резултати од програма

[:mk]Основни резултати од спроведување на оваа програма се обучени лица за вршење на сметководствени услуги кои ќе одговорат на поставените цели и задачи од програмата.   Конкретни резултати од реализација на оваа Програма односно по завршување на обуката учесниците да ги имаат следните:   Знаења:
  • познава и следи законска регулатива, сметководствени политики и стандарди.
  • познава сметководствени правила и принципи.
  • познава методи за изработка на финансиски планови и структура на финансиски извештаи.
  • разликува средства, извори на средства, приходи и расходи на деловен субјект.
  • разликува интерна и екстерна сметководствена документација.
  • идентификува формална, пресметковна и материјална исправност на сметководствена документација.
  • ја познава природата на сметките од официјалниот сметковен план.
  • познава правила за евиденција на промени на средства, извори на средства, приходи и расходи.
  • разликува хронолошка, систематска и аналитичка евиденција во деловни книги.
  • познава методи за калкулативни пресметки.
  • познава начин на изработка на годишна сметка.
  • познава инструменти во платен промет и благајничко работење.
  Вештини:
  • применува законски прописи и стандарди
  • изработува финансиски планови и го следи нивното извршување.
  • евидентира почетна состојба на средства и извори во пресметковен период.
  • врши наплата, исплата, прием и предавање на пари и хартии од вредност и врши наплата на побарувања и исплата на обврски.
  • пополнува обрасци и изработува калкулации.
  • врши пресметка на даноци, придонеси и други давачки.
  • изготвува документација и проследува документација за архивирање.
  • врши ликвидација на документи.
  • отвара и води книги за влезни и излезни документи.
  • контира сметководствени документи.
  • евидентира промени на средства и извори на средства во деловни книги.
  • евидентира приходи, расходи и трошоци во деловни книги.
  • пресметува и анализира финансиски резултат.
  • изготвува финансиски извештаи и годишна сметка.
  • спроведува сметководствена контрола.
  • комуницира и води деловна кореспонденција.
ракува со опрема, технички средства и компјутери.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]За учество на обуката за Сметководител кандидатите треба да ја поднесат/достават следната документација:  
  1. Копија од лична карта или друг еквивалентен документ кој укажува на живеалиште во Република Македонија
  2. Доказ за завршено четиригодишно средно образование (копија од диплома) или повисок степен на образование
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 88 40
Пракса 110 50
Оценување 22 10
Вкупен број на часови 220
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support