Опис на програма

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции од областа на сметководството во трговски друштва.
Програмата за обука опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во 225 часа
обука и 25 часа оценување.
Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребните
знаења предвидени во содржината на програмата.
Со практичниот дел од програмата се подразбира реализирање на студиска и демонстрациска работа заради стекнување практични знаења и демонстрирање на стекнатото знаење на кандидатот во пракса.
Испитот исто така се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од општиот и посебниот дел на програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира симулација на книжење во совтвер за сметководство при што кандидатот практично го покажува знаењето кое го стекнал од предвидената програма за обука на сметководствен службеник во трговски друштва.
Учесниците по успешно завршување на обуката ќе се стекнат со државно признат Сертификат за сметководствен службеник во трговски друштва.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката учесникот стекнува знаења и вештини и се оспособува да: - применува законски прописи и стандарди - изработува финансиски планови и го следи нивното извршување. - евидентира почетна состојба на средства и извори во пресметковен период. - врши наплата, исплата, прием и предавање на пари . - Евидентира наплата на побарувања и исплата на обврски. - пополнува обрасци. - изработува калкулации. - врши пресметка на даноци, придонеси и други давачки. - изготвува документација и проследува документација за архивирање. - врши ликвидација на документи. - отвара и води книги за влезни и излезни документи. - контира сметководствени документи. - евидентира промени на средства и извори на средства во деловни книги. - евидентира приходи, расходи и трошоци во деловни книги. - пресметува и анализира финансиски резултат - изготвува финансиски извештаи и годишна сметка. - спроведува сметководствена контрола - комуницира и води деловна кореспонденција. - ракува со опрема, технички средства и компјутери -Изработува ДДВ пресметка; - Изработува биланс на успех; - Изработува биланс на состојба; - Изработува извештај за парични текови; -идентификува/разликува проформа финансиски извештаи; - идентификува/разликува софтвер за финансиско сметководство; - идентификува/разликувасофтвер за материјално сметководство [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]1. Учесниците да бидат над 18 год и 2. Да имаат најмалку завршено четиригодишно средно образование [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 150 60
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 250
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support