Опис на програма

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини, односно компетенции од областа на аудиотехниката и видеотехниката, пред се во доменот на снимање, обработка и монтажа на аудио и видео материјали.

Пазарот на труд бара кадри кои ќе работат на снимање, обработка и монтажа на аудио и видео материјали од причина што трендот во последните години е брзиот развој на дигиталната и мултимедијалната техника. Оспособувањето на вакви кадри ќе овозможи пополнување на недостатокот со обучени човечки ресурси од овој тип во ТВ, радио и останати мултимедијални центри, како и оспособување на работна сила која ќе може да развива сопствен бизнис во ова подрачје.

Програмата „Снимател и монтажер на аудио и видео материјали се состои од четири модули: Аудиотехника, Снимање, миксање и монтажа на аудио материјали, Видеотехника и Снимање, миксање и монтажа на видео материјали. Модулот 1. – Аудиотехника третира стекнување знаења и вештини од технички аспект за акустката, уредите за снимање и репродукција на звук, уредите за обработка на аудиосигнали и звучнички системи и озвучување. Модулот 2. – Снимање, миксање и монтажа на аудио материјали третира стекнување знаења и вештини од процесен аспект за организација на работата во аудио студио, снимање звук и аудио со хардверски и софтверски алатки и обработка, миксање и монтажа на аудио материјали. Модулот 3. – Видеотехника третира стекнување знаења и вештини од технички аспект за основите на видеотехниката, дигиталната телевизија, телевизиските (ТВ) камери и уредите за снимање и репродукција на видео материјали. Модулот 4. – Снимање, миксање и монтажа на видео материјали третира стекнување знаења и вештини од процесен аспект за организација на работата во ТВ/видео студио, снимање видео со хардверски и софтверски алатки и обработка, миксање и монтажа на видео материјали.

Времетраење на програмата е 140 часа при што 50 часа се програмирани за реализација на теоретската настава, а 90 часа за реализација на практичната настава. Изведбата на истата ќе биде во простории и услови соодветни за реализација на ваква програма.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено средно образование[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 52
No instructions found !
Пракса 98
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 150
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support