Опис на програма

Целта на програмата е да го зголеми знаењето на учесниците за формалните текови на интегрираното управување со отпад, да го помогне нивниот личен развој и социо-економско интегрирање во општеството, како и да ги развие способностите за планирање, подготовка, организирање, административни, безбедносни и оперативни работи поврзани со интегрираното управување со отпад согласно законските рамки.
Собирач на секундарни суровини е суштински дел од успешно воспоставување на интегриран систем за управување со отпад од пакување (пластика, хартија, стакло, метал, дрво и композитни материјали) и отпадна електрична и електронска опрема (со сите составни делови, потсклопови, делови и материјали).
Теоретската настава и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во училница опремена за спроведување на образование на возрасни, додека практичната настава ќе се спроведува во фирма која поседуваат дозволи за собирање и транспорт на неопасен отпад и третман и складирање на неопасен отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ.
Програмата е наменета за лица кои завршиле најмалку основно образование и сакаат да работат во системот на управување со отпад како собирачи на секундарни суровини. Една од главните намени на образовната програма ќе биде да се формализираат веќе постоечките собирачи на отпад кои моментално немаат никаков легитимен статус.
Истата се состои од 100 часови распоредени како:
– теоретски дел: 48 интерактивни програмски часови со траење од 45 минути
– практичен дел: 52 програмски часови со траење од по 45 минути, работа под менторство и супервизија во фирма
– испитна работилница: 4 часови со траење од по 45 минути
Програмата ќе биде организирана во три модули и по секој модул ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и/или практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит по чие успешно завршување на обуката учесниците ќе се стекнат со државно признат сертификат за „Собирач на секундарни суровини“.
Програмата ќе биде подложна и на внатрешна евалуација.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум основно образование Возраст над 15 години [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48
No instructions found !
Пракса 52
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 100
  • Скопје
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support