Опис на програма

Програмата “Советувач” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на психо-социјално советување. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: применува вештини од областа на советување со лица кои имаат пречки или се соочуваат со проблеми што ги носи животот, да комуницира, да соработува во тим, да пренесува знаења, да презентира и подучува други лица за теми од животот, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците практична примена на стекнатите вештини, полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Советувач” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, индивидуални сесии со тренер и проверка на постигањата на кандидатите, самоевалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка посдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка посдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за СОВЕТУВАЧ.
Времетраењето на програмата е 500 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-напредно ниво за психотерапевт.Учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да: применува вештини од областа на советување со лица кои имаат пречки или се соочуваат со проблеми што ги носи животот, да комуницира, да соработува во тим, да пренесува знаења, да презентира и подучува други лица за теми од животот, учи доживотно и се усовршува.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен: Да организира активности за лична подготовка и подготовка на работното место, да создава хигиено-технички услови за работа, да применува работна култура во комуникација со клиенти, да советува и насочува клиенти во кризни ситуации, да пружа поддршка на болни и лица во рехабилитација, да пружа поддршка на ранливи категории на лица, да врши професионална селекција и ориентација, да организира и води групи за личен раст и развој, да организира работилници за млади, да пружа психо-социјална поддршка, да работи со деца во работилници[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Студенти од завршни студии од хуманистички професии, завршен IV степен од хуманистички професии.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 150 500
Пракса 30 320
Оценување 64 30
Вкупен број на часови 6
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support