Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат вештини за канцелариско и архивско работење применливи во различен тип на организации. Програмата е составена од четири тематски целини во кои се разработуваат функциите и активностите поврзани со канцелариското и архивското работење во една компанија. Според наставниот план обуката трае 50 часа, во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за стекнати вештини за канцелариско и архивско работење.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • го организира работното место согласно начелата на канцелариско работење;
  • разликува основни акти во канцелариско работење;
  • го применува и работи согласно Законот за архивски материјал;
  • го применува и работи согласно Уредбата за канцелариско и архивско работење;
  • користи системи на класификација и брзо пребарување во евиденции во хартиена и електронска форма;
  • професионално комуницира со странки согласно начела на соодветен прием и однос;
  • спроведува кодекс на етика и етичност во работењето;
  • спроведува работни задачи во рамките на канцелариските служби;
  • архивира, средува и издава документи во хартиена и во електронска форма;
  • одбира и евидентира архивски материјал;
  • предава јавен архивски материјал во Државен архив на Република Македонија;
применува правила на чување и заштита на архивски и документарен материјал[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено минимум средно образование а повисок степен на образование ќе се смета за предност. Не е потребно да поседуваат претходни знаења и вештини од оваа област. Повисок степен на образование ќе се смета за предност при уписот. Кандидатите треба да бидат постари од 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 30
Пракса 30 60
Оценување 5 10
Вкупен број на часови 50
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support