Опис на програма

Програмата за работно оспособување за СТАКЛОПЛАСТИЧАР – ЛАМИНИРАЧ НА АРМИРАН ПОЛИЕСТЕР се реализира преку вкупно 200 часови, од кои 60% практична настава (120 часа) 30% теоретска настава (60 часа) и 10% проверка на стекнатите знаења (20 часа).

Теоретскиот како и практичниот дел од наставата ќе бидат спроведени од страна на стручни лица со повеќегодишно искуство во дејноста и ќе бидат реализирани во соодветни простории во УНИПЛАСТ БК во Струга.

Времетраењето на обуката е 13 недели и 4 недели практична работа во реални услови на работниот процес на УНИПЛАСТ БК.

Програмата ќе се реализира преку 13 тематски целини, и тоа:

  1. Полимери – структура, поделба и нивна примена – 3 часа;
  2. Типови на влакна и нивни карактеристики – 5 часа;
  3. Типови на смоли и нивни карактеристики со акцент на полиестерски смоли– 5 часа;
  4. Катализатори, убрзувачи и инхибитори за полиестерски смоли – 3 часа;
  5. Армиран полиестер, примена и негови карактеристики – 7 часа;
  6. Сендвич материјали и конструкции – 4 часа;
  7. Типови на гел-коат и топ-коат и нивни карактеристики – 3 часа;
  8. Типови на одделивачи и нивни карактеристики – 5 часа;
  9. Начини на изработка на модел и калап – 6 часа;
  10. Припрема и одржување на калап – 7 часа;
  11. Техники на ламинирање со акцент на – hand lay-up – 80 часа;
  12. Техники на вадење на производот од калап – 7 часа;
  13. Проверка на квалитет, доработка и техники на репарирање до финален производ – 45 часа;

Целта на програмата е кандидатите да стекнат знаења и вештини  да изработуваат финални призводи од армиран полиестер за различна намена (како што се: чамци, резервоари, жардињери, шахти, тобогани и тн.), како и поправка на оштетени производи од армиран полиестер.

Програмата ќе биде реализирана од Дипл. инж. Технолог и ќе биде подложна на внатрешна евалуација.

На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за СТАКЛОПЛАСТИЧАР – ЛАМИНИРАЧ НА АРМИРАН ПОЛИЕСТЕР

 

 

 

 

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата  учесникот ќе биде оспособен да: - чита едноставни изведувачки цртежи, скици и опис на работите од областа на занимањето; - утврдува работни чекори, средства и методи на работа; - познава и применува основни и помошни материјали за изработка на производи од армиран полиестер, - прима, класифицира и складира материјал, - познава и ракува со алатите, машините и уредите за изработка на производи од армиран полиестер, - го контролира и подобрува квалитетот на обработените армирано полиестерски елементи, - поставува и бандажира оков / приклучоци кај финални производи, - пакува, складира и транспортира елементи или готови производи од армиран полиестер, - распознава повеќе типови на влакна според нивната примена - користи сендвич материјали и конструкции - работи со полиестерски смоли - припрема и нанесува гел-коат и топ-коат - подготвува смола и да дозира потребна количина на катализатор, убрзувач или инхибитор - набројува и утврдува техники, работни чекори и материјали за изработка на модел и калап - разликува и нанесува ги одделивачи според нивните карактеристики - припрема и одржува калапи - ги знае техниките на ламинирање - применува техники за ламинирање – hand lay-up, - проверува на квалитет, доработува и репарира производи од армиран полиестер - вади производи од калап - применува прописи за заштита при работа и заштита на животна средина - применува прописи од стандарди за квалитет[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Основно ниво на образованиеосновно образование и возраст најмалку од 17 години. Пожелно ниво на образованиетригодишно или четиригодишно образование – хемиска струка Дополнителни барања:  дополнителни услови не се потребни[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 120 60
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Повеќе програми од Заштитно Трговско Друштво за производство, трговија и услуги УНИПЛАСТ БК увоз-извоз ДОО Струга Подружница Центар за стручно оспособување УНИПЛАСТ Струга
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support