Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  изработка на елементи, констукции, полупроизводи и производи од плочест материјал, нивно  составување и монтирање

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Столар за изработка на мебел од плочест материјал “.Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 48 часа теоретска обука, 174 часа се практична обука во реални работни услови и 18 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведуваат од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дип.инж.по Дрвна индустрија или од дип.инж по Архитектура   а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен обучувач вработен во компанијата

 

     Програмата ќе се реализира во 6 тематски целини и тоа:

 

  1. Познавање на материјалите
  2. Алати, машини и уреди за изработка на плочест мебел со заштита при работа
  3. Дрвни конструкции на плочест мебел
  4. Технологија на изработка и монтирање на плочест мебел
  5. Претприемништво и бизнис
  6. Практична настава

 

Завршниот испит се полага преку практична изработка на производи пред трочлена комисија.

 

Целта на програмата е кандидатите да стекнат знаења и вештини да изработуваат мебел од разни видови на дрвени плочи,како што се:кујни,комоди,плакари и.тн.Програмата ќе биде реализирана од дип.инж.по Дрвна индустрија или од дип.инж по Архитектура . Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По  успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат,,Столар за изработка на мебел од плочест материјал“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:
  • чита и изработува работната документација;
  • определува постапката за индивидуална изработка на елементи,конструкции,полупроизводи и производи од плочест материјал;
  • мери и означува плочести материјали;
  • изработува елементи,конструкции,полупроизводи, производи од плочест материјал;
  • обработува површински елементи,конструкции, полупроизводи , производи од плочест   материјал;
  • составува и   монтира полупроизводи и производи од плочест материјал;
  • одржува и врши  поправки на производите од плочест материјал;
  • пополнува и да  пресметува технолошка документација за производот:
  • набавува основен и помошен материјал и да врши продажба на готовиот производ;
  • контролира материјали, производи и своја работа;
  • применува потребни основни и помошни материјали;
  • прима, класифицира и складира материјал;
  • ракува со машини, уреди и алати за изработка и монтажа на плочест мебел;
  • применува прописи и заштитни мерки за лична и колективна заштита
  • подготвува плочи за кроење;
  • кантира искроени елементи;
  • врши дупчење на елементите;
  • изработува профили на елементите;
  • избира конструктивни елементи за составување;
  • го контролира квалитетот на обработените елементи,
  • изработува и монтира корпусен мебел од оплеменети плочи,
  • поставува оков кај финални производи;
складира и транспортира производи од плочест материјал[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум основно образование и возраст од најмалку 17 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48 20
Пракса 174 72
Оценување 18 8
Вкупен број на часови 240
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support