Опис на програма

Главна цел на програмата: Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за цртање и читање на цртежи и шеми, изработка, монтажа и поправка на мебел, примена на основните техники во столарството, како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.
Начин на реализација: Програмата ќе се реализира преку практична и теоретска настава, која ќе води до стекнување на сертификатот „Столар за мебел
Времетраењето на програмата е 220 часа од кои 55 часа теоретска обука, 154 часа се практична обука во реални работни услови и 11 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот и практичниот дел преку проверка на стекнатото знаење. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Столар за мебел“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен за:
  • Организирање на работното место;
  • Читање цртежи пополнување техничка документација;
  • Кроење на елементи од плочи и масивно дрво;
  • Изработување на дрвни врски на елементите;
  • Кантирање на елементите;
  • Изработување на профили на масивни елементи;
  • Рамнење и брусење на елементи од масивно дрво;
  • Монтирање на елементите;
  • Проверување на квалитетот на секој елементи
  • Применување прописи за заштита при работа;
Пополнување соодтвените записи за квалитет и одржување на мапината;[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум основно образование и возраст од најмалку 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 55 25
Пракса 154 70
Оценување 11 5
Вкупен број на часови 20
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support