Опис на програма

Програмата “Стрес менаџмент и подобра функционалност и зравје” е за сите лице над 18 години, кои имаат чувствителна структура и помала отпорност во справување со животните потешкотии, студии, работно место, во семејството или воопшто во функционирањето.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да се справи со стресни ситуации користејќи техники на самопомош, да функционира свесно, да ги смирува емоциите, да се чувствува порелаксирано и урамнотежено.
Стекнатите вештини ќе им помогнат да стекнат сигурност во себе во сопственото изложување и изразување на работата, да ги зголемат своите професионални компетенции умееат да бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи и техники специфични од областа на советување и комуникација, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана и искуствена активност во текот на целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на оваа програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, проверка на постигањата на кандидатите, евалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија, сертификат од м-р по клиничка психологија.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца од Комората на психолози на РМ како и сертификат од обука на м-р по клиничка психологија.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се стекнува со сертификат.
Времетраењето на програмата е 50 наставни часа.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен : Да детектира, санира и превенира стрес Да управува со личните капацитети Да користи техники и методи за самопомош Да биде поефикасен на работа, мотивиран, помалку боледување, поголем организациски и економски бенефит[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Над 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 19
Пракса 35 44
Оценување 30 37
Вкупен број на часови 80
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support