Опис на програма

Програмата се состои од 29 предмети, меѓусебно поврзани со тоа што секој нареден се надградува врз претходниот. Предметите се со содржини од општо христијанство, разгледување на сите библиски книги, Стар и Нов Завет, вкупно 66, и практични предмети.

Наставата се одвива во часови од 45 минути, од кои секој час е предавање и интеракција со студентите.

Предметите се следните:

  1. Општо учеништво 1 – (20 часа предавање + 7 часа пракса + 1 час испит)
  2. Диспензации – (20 часа предавање + 7 часа пракса + 1 час испит)
  3. Преглед на Стар Завет – (40 часа предавање + 14 часа пракса + 2 часа испит)
  4. Христос во Евангелијата – (40 часа предавање + 14 часа пракса + 2 часа испит)
  5. Сојуз – (20 часа предавање + 7 часа пракса + 1 час испит)
  6. Општо учеништво 2 – (30 часа предавање + 10 часа пракса + 2 часа испит)
  7. Книга Дела на апостолите – (30 часа предавање + 10 часа пракса + 2 часа испит)
  8. Систематска теологија 1 – (30 часа предавање + 10 часа пракса + 2 часа испит)
  9. Брак и семејство – (20 часа предавање + 7 часа пракса + 1 час испит)
  10. Духовен авторитет – (10 часа предавање + 3 часа пракса + 1 час испит)
  11. Големи пророци – (30 часа предавање + 10 часа пракса + 2 часа испит)
  12. Послание до Галатите и Послание до Ефешените – (20 часа предавање + 7 часа пракса + 1 час испит)
  13. Послание до Филипјаните, Послание до Колосјаните, Послание до Филимон, 1 и 2 и 3 Посланија од Јован – (30 часа предавање + 10 часа пракса + 2 часа испит)
  14. Систематска теологија 2 – (20 часа предавање + 7 часа пракса + 1 час испит)
  15. Послание до Римјаните – (20 часа предавање + 7 часа пракса + 1 час испит)
  16. 1 и 2 Послание до Тимотеј, 1 и 2 Послание до Солунците и Послание до Тит – (30 часа предавање + 10 часа пракса + 2 часа испит)
  17. Послание од Јаков, 1 и 2 Послание од Петар, Послание од Јуда – (30 часа предавање + 10 часа пракса + 2 часа испит)
  18. 1 и 2 Послание до Коринќаните – (30 часа предавање + 10 часа пракса + 2 часа испит)
  19. Светски религии – (20 часа предавање + 7 часа пракса + 1 час испит)
  20. Светиот Дух – (10 часа предавање + 3 часа пракса + 1 час испит)
  21. Пасторална теологија – (20 часа предавање + 7 часа пракса + 1 час испит)
  22. Христијанско советување – (30 часа предавање + 10 часа пракса + 2 часа испит)
  23. Послание до Евреите – (30 часа предавање + 10 часа пракса + 2 часа испит)
  24. Мали пророци – (30 часа предавање + 10 часа пракса + 2 часа испит)
  25. Книга на пророк Даниел – (20 часа предавање + 7 часа пракса + 1 час испит)
  26. Воскресенија – (10 часа предавање + 3 часа пракса + 1 час испит)
  27. Книга на откровение – (20 часа предавање + 7 часа пракса + 1 час испит)
  28. Водство и менаџмент – (10 часа предавање + 3 часа пракса + 1 час испит)
  29. Хомилетика и Херменефтика – (10 часа предавање + 3 часа пракса + 1 час испит)

 

Програмата се спроведува во тек на 2 години.

После завршување на теоретскиот дел од секој предмет има испит. Кај предметите кои се пообемни материјалот е поделен на 2 испита.

Стручно теоретскиот дел од обуката се одвива со наставен кадар од дипломирани теолози, магистри по теологија и доктори по теологија, од земјата и странство.

Практичен дел од обуката: За секој предмет студентот треба да одржи предавање/проповед пред колегите, или пред локална црква, или пред специфична група на деца, млади, жени и др. и на разбирлив начин да им објаснат дел од Библијата на ниво соодветно на возраста на групата.

Резултати од програма

[:mk]На крајот на програмата студентот има стекнато знање и вештина како да ја проучува Библијата, како да користи соодветна стручна литература, како знаењето да го пренесе на различни групи на слушатели. Исто така ќе знае да изврши крштевање, венчавање и погреб, како и евхаристија (причест). Со завршување на оваа програма се добива звање помошник пастор или помошник проповедник.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Писмена препорака од пастор/проповедник од локална Евангелско-протестанска Црква.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 680 71
Пракса 230 24
Оценување 42 5
Вкупен број на часови 952
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support