Опис на програма

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи во занимањето ТИГ Заварувач.
Програмата за ТИГ Заварувач е во времетрање од 3 месеци.
Програмата се состои од 170 часови, се реализира преку теоретски дел од 41 час, практичен дел 116 часови и 13 часови за оценување и самоевалуација.
Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.
Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата, како и практична примена на опремата, апаратите и уредите за ТИГ начин на заварување, во уреден работилнички простор за таа цел, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на опремата, апаратите и уредите за заварување.
Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку одржување на испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира проверка на стекнатите знаења од ракување со опремата, апаратите и уредите за ТИГ начинот на заварување, во уреден работилнички простор за таа цел.
Програма ја спроведува тим на искусни инжинери од дадената област на заварувањето и квалификувани заварувачи со минимум пет години работно искуство со соодветен атест за бараната постапка за ТИГ Заварувач.
По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на работата ТИГ Заварувач.
По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за ТИГ Заварувач.

 

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот стекнува знаења, квалификации, вештини и ќе биде способен да: - го планира, подготвува работниот простор, предметот за работа и средствата за работа  при постапките за заварување во согласност со работниот налог, - ја планира, организира и ја насочува работата според инструкциите и барањата на изготвената и одобрена технолошка документација, - ги изведува работите и работните активности во технолошкиот процес по фази на постапките од заварувањето, - користи мерни и контролни инструменти, - го планира, подготвува, извршува и проверува квалитетот на заварувачките работи, рационалното користење на средствата за работа, енергијата, материјалите и времето, - ги применува знаењата од електротехниката, металургијата на заварување, начините на заварување, - ги применува основните начини на режење и механичката обработка на материјалите, ги познава основните, дополнителните и помошните материјали за заварување, - заварува според пропишаната постапка за заварување (ги почитува параметрите за заварувањето, редењето на производите од заварувањето, распоредот на заварувањето), - ги врши заварувачките и репарирачките работи со ТИГ заварување, - ги подготвува и врши проверка на исправноста на машините, опремата, апаратите и уредите за заварување и алатите за работа, - ги одредува основните параметри на заварувањето (јачината на заварувањето, заварувачкиот напон, брзината на заварувањето, протокот на гасот …), - ги познава постапките за евидентирање и документирање податоците потребни за опремата, машините, апаратите и уредите за  заварување, работни налози, извештаи,  пријава за дефект, евиденција на добиени и потрошени средства, - ги евидентира податоците потребни за машините и опремата, прегледи на машините и уредите, - ги одржува машините, опремата, апаратите и уредите за заварување и алатите за работа во исправна состојба, - следи упатства за сервисирање и ги почитува термините според упатството, - комуницира со клиентите на професионално ниво, - комуницира со колегите кои работат со останатите машини во заедничката група, - применува деловна култура и основи на работната етика и морал, - се грижи за постигнување на стандардите и квалитетот на работите, - ги применува прописите за заштита на работната и животната средина и усогласување со нив, - ги применува процедурите за ракување, складирање и отстранување на загадувачите на работната и животната средина, - ги презема мерките за заштита од влијанието на опасните гасови, отрови, пари и високозапаливите супстанции.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците во програмата можат да бидат лица кои имаат потреба од стекнување компетенции, знаења и вештини за занимањето ТИГ Заварувач, кои имаат завршено најмалку средно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 41 24
Пракса 116 68
Оценување 13 8
Вкупен број на часови 170
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support