Опис на програма

Програмата “Тим билдинг програма за вработени” е насочена кон оспособување на лицата за личен раст и развој, за зголемување на свесноста и препознавање на сопствените капацитети и капацитетите на другите, развивање комуникациски вештини со другите, поврзување со тимот, спознавање на тимот и развивање на позитивна клима во тимот.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: се осознае самиот себеси, да применува вештини во комуникација со другите на работното место, да научи да толерира и културно да се однесува, да се почитува себе и да ги почитува другите, да развива позитивна клима во тимот, да делува мотивирачки на другите за подобар успех на тимот во работната организација.
Стекнатите вештини ќе им помогнат да стекнат способност да се спознаат себе си во однос на другите, да умеат да се поврзат, да толерираат и да создаваат позитивна атмосвера која води до успех на тимот и компанијата.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи и техники специфични од областа на советување и комуникација, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана и искуствена активност во текот на целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на активностите во текот на целата обука, усно, писмено, практична евалуација.
Структурата на оваа програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, проверка на постигањата на кандидатите, самоевалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка посдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца од Комората на психолози на РМ како и акредитиран сертификат од евроски тренинг инситут.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат.
Времетраењето на програмата е 20 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки  нивоа според потребите на компанијата

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен : Да развива поголема свесност за себе, за разбирање на себе и тимот Да стане свесен и да го осознае сопственот стил на комуникација во однос на тимот Да применува соодветни комуникациски стилови со другите лица Да се справува со конфликти во тимот Да развива групна динамика во тимот Да создавава позитивна атмосфера во тимот Да развие емоционални компетенции Да поттикнува мотивација во тимот за поголема ефикасност и ефективност[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците да се над 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 5 25
Пракса 13 65
Оценување 2 10
Вкупен број на часови 20
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support