Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за работа во туристичко биро, туристичка агенција или агенција поврзана со давање туристички услуги со цел соодветно да ги обавуваат обврските на работното место. Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со работните обврски во агенциското работење. Голем дел од програмата е практична настава преку која учесниците во реални услови ќе ги извршуваат зададените задачи. На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за работна оспособеност за Туристичко- агенциски службеник. Времетраење на програмата е 160 часа, од кои 50 часа се стручна теориа 100 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценување.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - подготвува, организира и извршува работни задачи; - рационално користи материјали, опрема и време; - комуницира со соработници и корисници на услуги и применува принципи на работна култура; - подготвува работна документација со користење информатичка технологија; - прибира понуди од даватели на услуги за изработка на туристички аранжмани; - продава туристички аранжмани и патничко осигурување; - резервира и продава услуги за сместување; - информира и советува корисници на туристички услуги; - резервира и продава билети за сите видови превоз, освен авионски; - пресметува и наплатува туристички аранжмани; - подготвува извештаи и туристички прегледи; - применува мерки за зашита на клиентите и околината, во согласност со хигиенско-технички, противпожарни и други заштитни мерки.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено минимум средно образование (гимназиско или средно стручно образование се смета за предност). Предност ќе имаат кандидатите кои познаваат еден или повеќе странски јазици. Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 31
Пракса 100 63
Оценување 10 6
Вкупен број на часови 160
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support