Опис на програма

Програмата содржи вкупно 200 часа од кои 52 теорија, 128 пракса и 20 часа проверка на стекнатите знаења. Теоријата и писмените проверки на знаење ќе се реализираат во Приватната образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење – Ванчо Прќе во Штип, а практичниот дел ќе се изведува во просториите на ресторант ,,Нецко“ во Штип.
Програмата е наменета за работоспособни лица со завршено минимум основно образование не помлади од 18 години кои сакаат да се вработат или веќе се вработени како послужувачи во разни угостителски објекти.
Бројот на една група кандидати ќе зависи од просторните можности, но се препорачува да не изнесува повеќе од 15 учесници.
Преку програмата за работа за УГОСТИТЕЛ – ПОСЛУЖУВАЧ учесниците низ теоретска и практична настава ќе се запознаат со организација на работа во ресторан, со организацијата на работниот простор, со заштита и безбедност при работа и здравје, со опремата и инвентарот – намена и начин на одржување, ќе се научат да ракуваат со приборот, алатите, опремата и средствата, ќе се запознаат со стручната терминологија, со работните задачи, а низ практични часови ќе научат самостојно да работат и да ги совладаат сите вештини од областа на послужувањето, како што се: Увод во послужување и негов историски развој. Исто така учесниците ќе се оспособат за самостојно организирање и извршување на разни видови послужувања во различни видови на угостителски објекти.
Во наставата ќе бидат применети следните методи: предавања, дискусии во групи, набљудување, учење насочено кон решавање проблеми и практична настава во угостителски објект. Програмата ќе биде реализирана од професор и стручњак од областа на послужувањето. Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени две анкети: една на почетокот и една на крајот од програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници а на крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите. На крајот од завршената обука кандидатите кои ќе добијат долен праг од 60% според методите на оценување ќе добијат соодветен документ – СЕРТИФИКАТ за Угостител-Послужувач.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на обуката за послужувач во угостителски објекти кадидатите треба да бидат оспособени да:  планираат, подготвуваат и ги изведуваат работите во шанкот и ресторанскиот дел за послужување  самостојно работи како послужувач  ја знаат основната терминологија во послужувањето  подготвуваат разни видови системи на послужување  самостојно да подготвуваат и реализираат разни начини на послужување  самостојно да организираат и реализираат разни видови на ресторанско послужување[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците треба: - да достават прилог за завршено образование ( да имаат завршено најмалку основно образование ) - да достават уверение за државјанство ( да бидат државјани на Р. Македонија ) - да достават извод од матична книга или лична карта (да не бидат помлади од 15 години ) - да достават потврда од агенцијата за вработување дека да се невработени[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 52 26
Пракса 128 64
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support