Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  изработка на фасада, како и правилно користење на опремата и алатот за изработка на истата.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Фасадер“.

Времетраењето на програмата е 220 часа од кои 60 часа теоретска обука, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Фасадер“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ја организира својата работа;
  • ги почитува мерките за изведба на фасадата;
  • применува прописи за добра и квалитетна изведба;
  • применува прописи за заштита при работа;
  • применува прописи за квалитет на матаеријалите и и нивното користење;
  • разликува технолошки постапки за изведба на одреден тип на фасада;
  • монтира и демонтира фасадно скеле следејќи ги прописите за безбедност ;
  • ги вади и прибележува количините на изведената фасада и употребените материјали;
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk] минимум основно образование и возраст од најмалку 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 27
Пракса 150 68
Оценување 10 9
Вкупен број на часови 220
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Повеќе програми од Трговско друштво за вработување на инвалидизирани лица-заштитно друштво за вршење на градежни и занаетски работи ГРАДИТЕЛ ДОО Штип
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support