Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на фасада, како и правилно користење на опремата и алатот за изработка на истата.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да  се стекнат со сертификат „Фасадер“.

Времетраењето на програмата е 225 часа од кои 60 часа теоретска обука, 155 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел  од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците  во програмата. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука во рамките на компанија. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука.  По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Фасадер“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ја организира својата работа;
  • ги почитува мерките за изведба на фасада;
  • применува прописи за добра и квалитетна изведба;
  • применува прописи за заштита при работа;
  • применува прописи за квалитет на матаеријалите и нивното користење;
  • разликува технолошки постапки за изведба на одреден тип на фасада;
  • монтира и демонтира фасадно скеле, следејќи ги прописите за безбедност;
ги пресметува и прибележува количините на изведената фасада и употребените материјали.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и  да се постари од 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 27 27
Пракса 69 69
Оценување 4 4
Вкупен број на часови 225
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support