Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за работа при изведба на фасадни и внатрешни ѕидови. Програмата нуди комплетна обука за изработка и припрема на сите видови малтер; изработка на фасади со современи материјали и поправка на дотраени и оштетени фасади. Големо внимание во програмата е посветено на едукација за термичката и звучна изолација при изработката на фасадите и внатрешните ѕидови како и обука за енергетската ефикасност на објектите. На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за фасадер. Во програмата ќе се вклучат кандидати со завршено средно образование. Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања и практична работа, во траење од 250 училишни часа.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да ги:
  • подготвува простор за изведба на фасадерски работи
  • испитува подлога за нанесување фасада
  • подготвува подлога за фасада
  • изведува класична фасада
  • изведува термоизолациски фасаден систем
  • изведува фасадно цокле
  • води и чува потребна документација
  • контролира квалитет на изведба на фасада
  • комуницира со соработници, надзорен орган и инвеститор
  • одржува алати и машини за изведба на фасадерски работи
применува мерки за лична заштита, заштита на работното место и заштита на околината[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено средно образование (гимназиско или средно стручно образование). Кандидатите треба да бидат повозрасни од 17 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 165 66
Оценување 10 4
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support