Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Фризер  и истата е со  тромесечно времетраење, односно 370 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во фризерски салони.

По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи да ги подготвува, организира и извршува работните задачи, рационално да ги користи материјалите, опремата и времето, да комуницира со корисниците на услугите и деловните партнери, да ги чисти и ги дезинфицира просторот, работните површини, фризерскиот прибор, апаратите и истите правилно ги чува, го подготвува клиентот за обликување на фризурата и обликува и негува коса и скалп, да комбинира и обликува производи за коса, да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив,  да користи соодветни информациско-комуникациски средства, да развива претприемачки вештини и однесување, да ги поознава правата од работен однос и основните начела за отварање на сопствен бизнис,  да применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината во

согласност со хигиенско-техничките, противпожарните и другите заштитни мерки.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Фризер за жени и мажи по верифицирана програма.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  изведување на работи и работни задачи Фризер за жени и мажи, да  подготвува, организира и извршува работи во фризерски салон, дезинфицира, стерилизира: алат, прибор, работно место,  работни површини, советува и подготвува клиенти зависно од фризерската постака: мие коса и скалп, менува боја на коса, нијансира,  ондулира,  шишa коса, скратува, проретчува, обликува фризура, негува коса и скалп,користи соодветни препарати, обликува и комбинира производи за коса, гарантира за квалитетот на извршените услуги и одговара за истите, применува мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, развива претприемачки вештини, познава правата од работен однос и основите начела за отварање на сопствен бизниси[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 74 20
Пракса 259 70
Оценување 37 10
Вкупен број на часови 370
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support