Опис на програма

Времетраењето на програмата е 220 часа која ќе се реализира во период од три месеци.

Содржините од стручниот дел ќе се реализираат во училница во просториите на Отворениот граѓански универзитет “Крсте Мисирков„ – Битола, а практичниот дел од обуката ќе се изведува во опремен фризерски салон.

Програмата е прилагодена според изготвен стандард на занимање.

Основната цел е стручно оспособување на кандидатите од областа на фризерството и  нивно самостојно работење во дејноста.

Обуката ќе се реализира преку  форми на предавања, дискусии во група, демонстрации и набљудување со коментари и анализи, цртање на шеми, креации на фризури, практични методи меѓусебни изведби кај самите учесници од групата.

За реализирање на програмата во делот на практичната извдва ќе биде ангажирано  лице, мајстор-фризер со најмалку пет години работно искуство.

После секоја тематска целина ќе има проверка на знаењето а на крајот од програмата завршен испит и по успешно совледување на материјата учесникот ќе се стекне со сертификат  фризер за жени и мажи.

Програмата дава можност за вертикални напредувања во програми од повисоко ниво на занимања.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на теоретската и практичната обука учесникот  стекнува  знаења и вештини и се оспособува да: - Подготвува, организира и извршува работни задачи -   Рационално ја користи енергијата,материјалите и времето - Создава хигиено-технички услови за работа - Го приготвува и го заштитува клиентот во согласност со хигиенските и безбедносните процедури - Советува клиенти за избор на фризура, нега на косата и производи на коса - Го избира приборот и средствата за работа - Применува техники на потстрижување на машка и женска коса спрема физички изглед, квалитет на коса и скалп - Применува постапки за менување на бојата на косата - Подготвува клиент за обликување на фризура - Бричи брада, мустаќи и бекембарди -Познава перикерски производи и применува нивно одржување - Пресметува услуги на клиенти, нарачува, купува и складира материјали - Пополнува и води картотека за извршените услуги, води работна документација, познава основи на информациска технологија - Комуницира со клиентите на свој јазик и применува деловна култура -Применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината,во согласност со хигиенско-техничките, противпожарните и други заштитни мерки.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Оваа програма е наменета за сите лица кои имаат завршено најмалку основно образование, лица кои пројавуваат интерес кон фризерскиот занает и да не се помлади од 17 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 45 21
Пракса 155 70
Оценување 20 9
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support