Опис на програма

Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 15 години возраст да  изведуваат фризерски услуги. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин односно сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд со афинитети кон фризерството. Истата овозможува работно оспособување за изведување на фризерски услуги.

Теоретската настава и писмените  проверки на знаења ќе се реализираат во ОГУДУ „Гостивар“, Гостивар, додека практичниот дел и практичните проверки на знаења ќе се спроведуваат во фризерски салони.

Програмата е со времетраење од 260 часа и опфаќа 52 часа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во фризерски работилници со претходно склучен договор за соработка и опфаќа 182 часа. 26  часа се предвидени за оценување и проценка на стекнатите компетенции.

Теоретската настава ќе се реализира во 10 дена и дополнително 1 ден за оценување на теоретските знаења. Програмата во практичниот дел ќе се рализира секој работен ден во фризерски салон, односно 23 работни дена како и 2 работни дена за оценување на практичните компетенции.

Програмата ќе биде реализирана преку девет тематски целини. По секоја тематска целина ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за занимањето Фризер за мажи и жени.

Во текот на реализација на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и притоа ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи истото, со цел следење на напредокот на кандидатите. Стекнувањето на теоретска основа и позитивна оценка ќе биде предуслов за започнување на реализацијата на практичниот дел од обуката. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен фризер кој редоследно во зависност од сложеноста на задачите ќе ги вклучува кандидатите во практични активности.

Програмата ќе биде реализирана од страна на наставници со завршени студии по биотехнологија или медицина и економија и фризер со работно искуство.

По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја подготвува и ја организира сопствената работа, да комуницира со клиентите и соработниците, да изведува различни видови фризерски услуги …..

По завршувањето на програмата учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит од практичниот дел се стекнуваат со Сертификат за Фризер за мажи и жени по верифицирана програма.

Резултати од програма

[:mk]
  • Подготвува работно место
  • Комуницира и советува клиент
  • Изведува подготвителни работи за фризерски постапки и за третман на брада, бркови и бекенбарди
  • Мие коса
  • Потстрижува и обликува фризура
  • Бои и бели коса
  • Бричи и обликува брада, мустраќи и бекенбарди
  • Користи перикерски производи
  • Работи во согласност соп нормативи и прописи од фризерска дејност
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование, над 15 годишна возраст[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 52 20
Пракса 182 70
Оценување 26 10
Вкупен број на часови 260
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support