Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции зазанимањето Фризер и да се оспособи за самостијна работа во фризерски салон.

 

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука која се изведува во простор соодветен на барањата на стандардите за простор и опрема и води до стекнување на сертификат за фризер.

 

Времетраењето на програмата е 175 часа од кои 35 часа се стручна теорија, 122 часа се практична обука во реални работни услови и 18 часа се наменети за оценувањено.Проверка на знаењето и оценувањето ќе се изведува во тек на обуката и на крај од обуката како завршен испит. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.

 

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за фризерство (Напреден курс и Специјализиран курс).

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:  
  • организира прием на клиентот во салонот,
  • идентификува средства за нега на коса,
  • разликува методи за одредување на статусот на косата,
  • индентификува и правилно користи приборот и средствата за работа,
  • избира средства за миење на косата,
  • миекоса
  • изведува различни техники на масажа наскалп,
  • користи основните техники на фенирање, боење, шатирање, бланширање и боење со фолии,
  • применува техники за виткање на коса,
  • користи основните техники на потстрижување на долга, средна и кратка коса,
  • плете плетенки,
  • развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење
  • применува прописи за заштита при работа и заштита
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 35 20
Пракса 122 70
Оценување 18 10
Вкупен број на часови 175
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support