Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Фризер за жени и мажи  и истата е со  шестмесечно времетраење, односно 640 часа, од кои 120 часа опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е застапена со 448 часа, се изведува во фризерски салони кај реномирани фризери – мајстори Стручната теорија ја изведуваат наставници: Д-р специјалист Дерматолог, Др  специјалист по медицина на трудот; наставник по претприемништво и бизнис,  Магистер по менаџмент на човечки ресурси, сите со големо искуство во работа со возрасни. Во текот на наставата ќе имаат целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручнотеоретскиод дел да се доближат до учесниците. Во текот на програмата се врши проверка на постигањата  на кандидатите и тоа преку усна проверка и писмена проверка – тест. Вештините се проверуваат преку демонстрации и изведби на конкретни фризерски постапки: подготовка и организација на работното место во зависност од закажаниот третман, комуникација, советување, подготовка за посакуваниот третман, изведба на постапките, миење коса, шишање, фенирање, менување на бојата, нијансирање, белеење, обликување на фризура, вметнување на делови од коса, подготвување ставки за пресметка и   пресметка на услугите. По успешното завршување на програмата  учесникот  полага завршен испит и се стекнуваат со Сертификат за Фризер за жени и мажи по верифицирана програма.

Резултати од програма

[:en] [:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  изведување на работи и работни задачи Фризер за жени и мажи, да  подготвува, организира и извршува работи во фризерски салон, дезинфицира, стерилизира: алат, прибор, работно место,  работни површини, советува и подготвува клиенти зависно од фризерската постака: мие коса и скалп, негува коса и скалп, менува боја на коса, нијансира,  ондулира,  потстрижува влажна и сува коса, проретчува, обликува фризура, користи соодветни препарати во зависност од фризерските постапки, обликува и комбинира производи за коса, гарантира за квалитетот на извршените услуги и одговара за истите, применува мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, развива претприемачки вештини, познава правата од работен однос и основите начела за отварање на сопствен бизниси[:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:en] [:mk]Завршено најмалку основно образование и над 15 годишна возраст. Психофизички здрав емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа, да има осет за допир, температура и естетика[:al] [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 128 20
Пракса 448 75
Оценување 64 10
Вкупен број на часови 640
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support