Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетемции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Фризер, за вештините на обликување и боење на женската коса.

Времетраењето на програмата е 240 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби. По завршување на секоја тематска единица учесниците ќе имаат дел и за оценување на нивното стекнато знаење. Материјата ќе се соовлада преку четири (4) тематски единици:

  1. Прием на клиенти во салон, организирање на работата во салонот и одржување на работниот алат и опрема
  2. Боење и белеење на коса
  3. Кадрење и ондулација на коса
  4. Изработка на свечени фризури

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Фризер за жени – обликување и боење на коса“

Теоретската и практичната обука ќе се реализира во фризерски салон, во простории опремени со соодветни фризерски алати и опрема. Реализацијата на обуката преку практични вежби, ќе се одвива преку реални вежби, обработка на секојдневни фризерски работи и соработувајќи со останатите вработени и клиенти со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршување на работата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнат вештини и компетенции.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Фризер за жени – обликување и боење на коса”.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот по успешното завршување на програмата е оспособен да:
  • врши прием на клиенти и да ја организира работата во салонот
  • одржува опрема и фризерски алати
  • проверува состојба на косата
  • применува техники на боење, нијансирање и белеење на косата
  • врши тонирање на бојата на косата и корегирање на нијансата на бојата
  • врши извиткување на косата со помош на различни алати и техники
изработува свечени фризури според различни техники на изработка[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум завршено основно образование. Кандидатите треба да бидат постари од 15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48 20
Пракса 169 70
Оценување 23 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support