Опис на програма

Преку Програма за работа ФРИЗЕР ЗА ЖЕНИ учесниците низ теоретска и практична настава ќе се запознаат со организацијата на работа  во фризерски салон, ќе се запознаваат со организацијата на работниот простор, заштита при безбедност при работа и здравје, ќе се запознаат со опремата и инвентарот-намена и начин на одржување, ке се научат да ракуваат со приборот, алатите, опремата и средствата, ќе се  запознаат со стручната терминологија, ке се запознаат со работните задачи, низ практични часови ќе научат самостојно да рабoтат и да ги совладаат сите фризерски вештини: стрижење,фенирање, пеглање, ондулација, виткање, обликување на коса, запознавање со начинот на комуникација со клиентите и соработниците.

Програмата  ќе се реализира 3 месеци со вкупно 200 часа, од кои 60 теорија, 129 часа пракса, 11 часа испити и еден месец практична работа во салон со 80 часа.

По завршувањето на обуката на учесниците ке им се издаде Сертификат за Фризер за жени.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката за фризер за жени кандидатите треба да бидат оспособени да:
  • планираат, подготвуваат и изведуваат работи во фризерските салони;
  • вршат проверка на квалитетот на извршената работа;
  • спроведуваат постапка на дезинфекција и стерилизација;
  • применуваат постапка на сув стерилизатор;
  • познаваат структура на влакно;
  • идентификуваат тип на коса;
  • одбираат средства за миење на коса;
  • применуваат техники на миење на коса и масажа;
  • употребуваат средства за регенерација;
  • подготвуваат коса за потстрижување;
  • познаваат видови потстрижување според обликот на лицето;
  • потстрижуваат класична долга коса и многу долга коса со и без степенување;
  • потстрижуваат класично и трендовски средно долга и кратка коса со ретчење, слоевито и убодно;
  • извршуваат преглед на коса и лоцираат нејзина состојба;
  • проценуваат состојба на коса и сооодносот на бојата и хидрогенот;
  • прават избор на боја и мешаат сооднос боја и хидроген;
  • применуваат во практика боење на коса;
  • прават избор на препарати за белење;
  • применуваат во практика техники на шатирање и начини на белење на коса;
  • применуваат техники за виткање и изработка на водена ондулација;
  • применуваат техники за виткање и изработка на трајна ондулација - минивал;
  • фенираат коса класичен и модерен стил;
  • применуваат прописи за заштита при работа, заштита на животната средина;
  • развиваат одговорност при работата и интерес за доживотно учење.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Оваа програма е наменета за лица кои имаат теоретски и практични предзнаења, професионално и приватно стекнати, лица со незавршено и завршено основно, средно и високо образование, лица кои пројавуваат интерес кон фризерскиот занает односно лична услуга, исто така и лица кои се вклучени во формалното образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 60 60
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support