Опис на програма

 

Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот за миење, сушење, собирање и плетење на коса во плетенки, како и за основните техники на фенирање, боење, бланширање, шатирање, минивал,  шишање на кратка, средна и долга коса како и правилно користење на фризерскиот алат, прибор и препарати.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат за Фризер за жени. По завршување на програмата учесникот ќе се оспособи: да подготвува, организира и извршува работни задачи; рационално да користи материјали, опрема и време; да комуницира со корисниците на услугите; да ги чисти и дезинфицира просторот, работните површини, фризерскиот прибор, апаратите и истите правилно ги чува; да го подготвува клиентот за обликување на фризурат; обликува и негува коса и скалп; да комбинира и обликува производи за коса; да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за ни.

Времетраењето е 4 (четири) месеци или 55 дена или 190 часа вкупно.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:   - изведува работи и работни задачи Фризер за жени; - подготвува, организира и извршува работи во фризерски салон; - дезинфицира, стерилизира: алат, прибор, работно место, работни површини; - советува  и подготвува клиенти зависно од фризерската постака: - мие коса и скалп, - менува боја на коса, нијансира, потстрижува коса, проретчува, обликува фризура, негува коса и скалп; - користи соодветни препарати; - обликува и комбинира производи за коса; - применува мерки за лична заштита, заштита  на клиентите и околината;  [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Основно ниво на образование и возраст над 15 години  [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 38 20
Пракса 133 70
Оценување 86400 19
Вкупен број на часови 10
  • Скопје
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support