Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции потребни за занимањето Фризер. Програмата претставува основен курс и е составена од пет тематски целини кои ќе му помогнат на учесникот да стекне знаење и вештини потребни за извршување на активностите поврзани со работното место Фризер. Според наставниот план обуката трае 230 часа, во кои се застапени теоретски предавања распоредени во 5 тематски целини согласно кои учесникот треба да познава основни принципи за планирање и организирање на работата, да применува правила во комуникацијата и работата со клиентите, да применува соодветна технологија за работа и правилна употреба на козметички препарати, да поседува основни познавања од дерматологија, за потоа теоретски стекнатите знаења да се потврдат и надградат за време на практичната настава кај работодавач. Теоретските предавања кои ќе се реализираат во Стопанската комора на Македонија траат 70 часа а ќе се реализираат во период од четири недели (5 работни дена, со можност за предавања во сабота) додека пак практичната настава која ќе се спроведува во фризерско студио трае 140 часа и истите ќе се реализираат во период од шест недели (5 работни дена со можност за практична настава во сабота). За оценување се предвидени 20 часа.

Теоретскиот дел ќе се реализира во соработка со професор од средно стручно училиште со завршени студии по биотехнологија и професор со завршени студии по медицина, а практичниот дел во соработка со фризер со долгогодишно искуство и соодветна образовна подготовка кој ќе биде ментор на учесниците.

 

По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка на завршниот испит учесникот добива Сертификат за работна оспособеност за програмата Фризер – основен курс.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да: • комуницира со соработниците и клиентите; • користи основна стручна терминологија; • води грижа за својата безбедност, како и за безбедноста на клиентите и соработниците; • чисти и дезинфицира простор, фризерски прибор и апарати • правилно употребува и одржува фризерски прибор и апарати; • избира препарати за миење во зависност од состојбата на косата и скалпот; • избира техники на миење и масажа на коса и скалп; • одредува квалитет на коса и скалп; • мие коса и скалп; • познава основни видови на патолошки промени на кожа и коса; • потстрижува, обликува и бои коса; • избира алат, прибор и материјали за изведување на различни техники на потстрижување на коса; • избира алат, прибор и материјали за изведување на различни техники на обликување на коса; • избира алат, прибор и материјали за изведување на различни техники на боење на коса.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено минимум основно образование. Не е потребно да се поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област. Кандидатите треба да бидат постари од 15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 69 30
Пракса 138 60
Оценување 23 10
Вкупен број на часови 230
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support