Опис на програма

Главна цел на програмата за обука на „Фризер – основно ниво“ е стекнување на знаења, умеења, вештини и компетенции од фризерството и овозможува самостојно вработување во фризерски салон.

Програмата структурно се состои од два дела и тоа:Теоретски дел и практичен дел. Програмата пред се е практично ориентирана преку практична обука и теоретска настава и истата води кон стекнување на сертификат за фризер.-основно ниво Практичната обука ја реализира мајстор – фризер,а теоретскиот дел го реализира наставен кадар согласно нормативот за наставен кадар за образование на возрасни, дипломиран доктор по Медицински науки.  Обуката ќе се спроведува во фризерски салон и специјализирана училница во времетраење од 4 (четири) месеци или 80 часа месечно или вкупно 320 часа. Обуката се организира пет пати по 4 часа или вкупно по 20 часа неделно. Практичната обуката е индивидуална, а  теоретската настава ќе биде реализирана интерактивно преку интересни презентации, дискусии, тренинг симулации. Во наставата ќе се користат   современи методи, техники и нагледни средства. Целокупната наставна работа со учесниците ќе биде методолошки, содржински и функционално осмислена и креативно организирана.  Вреднување на резултатите на постигањата на учесниците ќе биде преку  континуирано следење на целокупната активност на учесникот и тоа преку; усно излагање, писмено, и преку постигнувањето на целите од практичната обука. За секој учесник  ќе се води портфолио. По завршување на обуката се спроведува завршен испит. По успешно положениот завршен испит, учесниците ќе се стекнат со сертификат за „Фризер-основно ниво“.  Програмата дава можност за натамошно вертикално напредување на повисоко ниво од областа на фризерството.

Резултати од програма

[:mk]
  • организира простор и работа во салон,
  • подготвува клиент;
  • применува прописи за заштита при работа;
  • применува правила за користење на средства за лична заштита при работа;
  • прави проценка на состојба на коса и скалп;
  • избира препарати за нега на коса и скалп;
  • применува техники за работа:
  • мие, регенерира коса и скалп,  потстрижува,  фенира, и обликува коса;
  • изработува свечени фризури;
  • почитува норми за работна етика;
користи информациско комуникациска технологија[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Во програмата може да учествува секој  корисник кој има над 15 години,  завршил најмалку основно  образование и има мотив и желба да се стекне со знаења, умеења и вештини од областа на фризерството- основно ниво.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 96 30
Пракса 192 60
Оценување 32 10
Вкупен број на часови 320
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support