Опис на програма

Главна цел на програмата за обука на Фризер I ниво е стекнување на вештини за негување и обликување на коса.
Програмата пред се е практично ориентирана преку практична обука и теоретска настава и истата води кон стекнување на сертификат за Фризер I ниво.
Практичната обука ја реализира мајстор – фризер,а теоретскиот дел го реализира наставен кадар согласно нормативот за наставен кадар за стручно образование.
Обуката се спроведува во фризерски салон во траење од 3 (три ) месеци или 96 часа месечно или вкупно 288 часа.Обуката се организира пет пати по 4 часа или вкупно по 20 часа неделно. Практичната обуката е индивидуална, додека теоретската настава повремено може да е фронтална, индивидуална, или групна во зависност од поставените цели на тематските целини.
Вреднување на резултатите на постигањата на учесницитe е перманентно и тоа усно,писмено, и преку постигањето на целите од практичната обука.За секој учесник се води портфолио.
По завршување на обуката се спроведува завршен испит преку практична работа и усна проверка.Заклучната оценка на учесниците се изведе врз основа на портфолиото по секоја тематска целина,како и од завршниот испит.
Секој учесник кој го положил завршниот испит добива сертификат за фризерI ниво во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини,компетенции и знаења.
За секој дел од испитот кандидатот се оценува со положил или неположил.Кандидатот добива инструкции и потребните материјали за изработка на практичната задача.Изработката на практичната задача е самостојна работа на секој кандидат без помош на мајсторот или другите членови на комисијата.Времетраењето на изготвувањето на задачите е во рамките од 180 минути и е во зависност од испитните задачи.Практичната задача кандидатот ја изведува пред комисија ,која ги следи и ги оценува чекорите во изготвувањето на вежбите и секој член од комисијата независно ги пополнува оценувачките листи.Резултатите од практичната задача и од стручно теоретскиот дел влијаат во конечното вреднување на постигањата на кандидатите.
Напредувањето на завршените учесници е според Законот средно стручно образование и обука и Законот за образование на возрасни.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката  фризер I ниво  учесникот e oспособен да :  
  • користи алат и опрема,
  • уредува работно место,
  • користи работна облека
-      одржува лична хигиена,хигиена на алатот,приборот и просторот -      врши прием на клиент
  • комуницира со клиентот за услугата која ја бара
  • планира и подготвува работно место
  • подготвува клиентот за работа
  • идентификува тип на коса
  • одбира средства за миење и регенерација на коса
  • применува техники на миење коса и масажа
  • одбира препарати за нега и
  • применува препарати за нега на коса
  • прави избор и подготвува препарати за боење на коса и сооднос боја и хидроген
  • применува практики за боење на коса
  • користи четки и фен и други апарати(преса,фигаро и сл)за обликување на коса
  • користи виклери
  • дава облик на фризурата според ликот и профилот или желбата на клиентот
  • ја кадри косата со примена на виклери или ЛТО
  • шатира со капа,чешел и со други техники, начини
  • Подготвува коса за шишење со делење на секции
  • шиша со макази и ефилирки
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Посебни критериуми нема, освен кандидатот да има минимум основно образование и возраст над 15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 84 30
Пракса 176 60
Оценување 28 10
Вкупен број на часови 288
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support