Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при работа во цвеќарско производство на отворено и во заштитени простори, производство на матичен насад за вегетативно размножување на цветните култури, примена на вегетативно и генеративно размножување, примена на стандарди и контрола на производството, правилна евиденција на производството и правилно користење на машините, опремата и алатот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „Цвеќар“.
Времетраењето на програмата е 180 часа од кои 62 часа теоретска обука, 108 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука на земјоделски фарми. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Цвеќар“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • ја планира, подготвува, изведува и контролира сопствената работа; • рационално ја користи струјата, материјалите и времето; • го штити здравјето и околината; • комуницира со соработниците, стручните служби и со странките; • развива претприемачки особини, вештини и знаења; • произведува цветни култури и матичен насад на отворен или заштитен простор; • вегетативно и генеративно размножува цветни култури; • одгледува и се грижи за цветни култури; • врши заштита на растенијата; • подготвува цветни култури за продажба.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и да се постари од 17 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 62 34
Пракса 108 60
Оценување 10 6
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support