Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на модна конфекција како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Шивач на конфекциски материјал“;
Времетраењето на програмата е 640 часа од кои 128 часа теоретска обука, 448 часа се практична обука во реални работни услови и 64 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата и практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Шивач на конфекциски материјал“;

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • ја организира својата работа; • ги почитува мерките за рационално користење материјал и време; • применува прописи за заштита при работа; • разликува технолошки постапки за производство на одделни видови на модна конфекција; • шие материјали во одделение за шиење;[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесникот да има завршено најмалку средно образование Со возраст над 18 години, и да биде психофизички здрав[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 128 20
Пракса 448 70
Оценување 64 10
Вкупен број на часови 86400
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Повеќе програми од Друштво за производство и трговија со модна конфекција ОКИТЕКС ДОО Скопје Подружница ОКИТЕКС ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Скопје
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support