Опис на програма

Програмата „ Шивач “ е  поделена  во три дела и тоа:

-стручно-теоретски дел кој се реализира преку   еден модул со 40 часа

-практичен дел со два модули со 140 часа(30+110)

-завршен испит (проверување на стекнатите знаења, вештини и компетенции ) со 20 часа.

Стручно-теретскиот  дел од програмата ќе се реализира во просторија училница-кабинет опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл.

Практичниот дел од програмата ќе се реализира  целосно во училишна текстилна работилница, опремена со машини  согласно содржината на програмата или дел   во училишна текстилна работилница, а дел во  компании  кои  ќе пројават интерес  за соработка ако тоа е во интерес за поуспешно вработување  на  учесниците .

Обуката ќе ја изведуваат  наставници по стручно теоретски предмети и практична настава  со повеќегодишно работно искуство.

Завршниот испит како трет дел од програмата  се состои во проверка на стекнатите знаења, вештини и компетенции од реализираната програма. Ќе се спроведува во училишната работилница или  во компанија, пред комисија составена од наставнци кои ја изведуваа теоретската настава  и  практичната обука или наставници и лице-ментор од компанијата. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Шивач “

Времетраењето на програмата е 3 месеци  со вкупно  200 часа.

За реализација на програмата (обуката) ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор);  визуелни (демонстрирање, цртање);  практични методи (практична работа – вежби) кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Работилницата е со добри услови за работа. Се обезбедува заштита при работа како на просторот така и лична и колективна заштита на учесниците на обуката. Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат најмалку на 80% од часовите

Обуката се изведува во работни или неработни денови, согласно потребите и барањата на кандидатите.

Оценувањето на постигањата на учесниците во програмата ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, портфолио од практично изработени вежби и примероци и практична работа- демонстрација на операции и постапки и преку испит.

Резултати од програма

[:mk]Компетенции стекнати по завршување на обуката  
  • Кандидатот е оспособен да:
- разликува oпшти поими во технолошки процеси во шивална;
  • -разликува делови и механизми на обични машини за шиење
  • -разликува делови и механизми на специјални шивачки машини
  • -разликува видови игли,мести игла и воведува конец во машина за шиење(обични и специјални)
  • -разликува алати, уреди и средства за работа
  • - применува соодветни материјали за изработка на облека во зависност од намената на облеката;
  • - применува соодветни игли и конци за шиење во зависност од видот и деблината на материјалот ;
  • -разликува видови на бодови и шeвови според вид на материјал за облека
  • -познава составни делови на облека;
  • -разликува операции по извршено кроење на облека;
  • -изведува технолошки операции за составување на делови од облека според даден модел;
  • -составува делови за различни видови облека(здолништа,блузи,фустани и панталони)  според модел на обична шивачка машина;
  • -изведува операции на специјални шивачки машини;
  • -познава и применува меѓуфазно пеглање при изработка на облека
  • -разликува и применува контролa во шивална – самоконтрола;
  • -применува производна документација во шивална:
  • -познава општи мерки и заштита при работа во индустрија за облека ;
  • -воочува неправилно изведена операција на шиење
-корегира неправилно изведена операција[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Сите заинтересирани кандидати што одговараат на погоре наведениот профил и се согласни на другите услови на програмата имаат право на влез доколку се самофинансираат.Во случај да програмата ја финансира некој друг субјект ќе се почитуваат и дополнителни критериуми што тој може да ги пропише.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 20
Пракса 140 70
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support