Опис на програма

Примарната цел на програмата „Шминкер“ е насочена кон професионално оспособување на учесникот во областа на козметичките услуги за шминкање и разубавување на професионално ниво. Со помош на програмата, преку теоретска и практична настава во нашиот Фризерско-козметичкиот салон, како и во нашите предавални, учесникот ќе се запознае со организацијата на работа во козметичките салони, со работниот простор, опремата. Да научи да применува различни козметички постапки и процедури. Ќе се применува стручна терминологија и учениците ќе бидат запознаени со работните задачи, со правилата за безбедност и заштита при работа и здравје.

Теоретскиот дел ќе биде  реализиран од наставен кадар, согласно нормативот за наставен кадар за стручно образование, додека практичниот дел ќе биде рализиран од професионален шминкер. Проверката на учесникот се изведува во текот на целата обука,како и на крај од секоја тема.

Обуката се одвива со времетраење од 3 месеци, односно 150 часови. Од кои 30 часови или 20% теоретска настава, а 105 часови или 70% практична настава, 15 часови или 10% ќе бидат искористени за испитување и проверка на знаењето.

По завршувањето на 3 месечна обука се спроведува завршен испит, и по полагањето на истиот се стекнува со сертификат за Шминкер’’.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката кандидатот е оспособен да:
  • Подготвува, организира и изведува работни задачи во работната средина.
  • Спроведува дезинфекција и стерилизација во работната средина и на приборот за работа.
  • Подготвува и идентификува соодветен алат, прибор и материјал за работа.
  • Рационално ги употербува материјалите, опремата и времето.
  • Врши успешна комуникација со клиентите и колегите.
  • Прима, советува и подготовува клиент.
  • Прави соодветен избор на техники за шминкање според барањата на клиентот.
  • Прави избор на производи и помошни средства за работа.
  • Изведува  секојдневна шминка , специјална шминка.
  • Ги изведува правилно сите етапи и редоследот во шминкањето.
  •  Гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив.
  • Применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината во согласност со хигиенско-техничките, противпожарните и другите заштитни мерки.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесникот да има завршено најмалку основно образование Возраст над  15 години, и категорично да ги поседува  следните особини: - психофизчки здрав, - да има наод од брис со дозвола за  работа во козметички салон.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 20
Пракса 105 70
Оценување 15 10
Вкупен број на часови 150
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support