Опис на програма

Програмата за занимањето шминкер се темели на стандардите за занимањето кои се постигнуваат преку стручно теоретски содржини и практична обука во времетраење од 210 часа. Содржините од стручната теорија се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во салони за шминкање. По успешното завршување учесникот во програмата ќе може да разликува типови кожи, кожа во зависност од животната доба и врз основа на тоа и обликот на лицето и очите да изведува различни текстури и различни техники, да корегира и сенча лице со бронзер и црвенило, да шминка очи со различни текстури (сенка, молив и со алајнери), да корегира; веѓи, трепки и вештачки трепки, да корегира усни, да изведува дневна, вечернa, венчална, новогодишна и за други пригоди шминка, ќе може да тонира тен да ги припрема препаратите и процедурите за шминкање, да креира и стилизира и да го подготвува работното место и клиентот за шминкерски постапки со безбедност од инфекции.Ги познава правата од работен однос и отварање на сопствен бизнис
По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со Сертификат за шминкер,работна оспособеност според сертифицирана програма за шминкер
Програмата дава можност за вертикално напредување во програми од II ниво на занимањa.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - применува хигиено технички мерки за лична и заштита на работната средина, - применува професионална комуникација со клиентите и соработниците - ги одржува приборот со кој работи - применува заштита за себеси и клиентите од разни инфекции - применува повеќе различни техники во зависност од обликот на лицето и очите - тонира и аплицира професионална шминка, - изведува обликување веѓи и трепки, - води сопствен бизнис[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и возраст над 15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 24
Пракса 140 66
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 210

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support