Опис на програма

занаПрограмата за шминкер се состои од  10 тематски целини, а проверката на постигнувањето на  целите ги опфаќа сите  цели од тематски целини.  Целите на програмата се насочени кон учесникот за стекнување на  вештини  и знаења  преку  реализација на предавања, демонстрирање на вештини и практична обука.  Целокупната обука трае 160 часа.

Главна цел на оваа програма е стекнување на  знаења,вештини и компетенции за шминка на лице.. Освен тематските целини програмата ги содржи формите(фронтално,групно,тандем и индивидуална) и методите (предавање,дискусија во групи,учење насочено кон решавање на проблеми,практична настава во козметички салони,обука на работно место,индивидуална настава) на обуката, кои обучувачите треба да ги применуваат во текот на обуката. Во таа насока обучувачот ќе користи такви методи, форми и техники кои овозможуваат постигнување на целите постапно. Програмата го содржи нормативот за наставен кадар  и насоките за оценување на учесниците во програмата(усно,писмено,практично).

Обучувачот води портфолио  врз основа на резултатите од спроведените  тестови како и резултатите од практичната обука. Доколку кандидатот не ги постигне зацртаните цели се упатува повторно.

По завршената обука  следи завршен испит кој се состои од практичен дел и стручно теоретски дел. Практичниот дел се состои од изработка на практична задача. Стручно теоретскиот дел се состои од писмен тест со прашања.

По положување на завршниот испит учесникот се здобива со сертификат за шминкер  во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини и знаења.

Учесниците кои се стекнале со сертификат можат да напредуваат хоризантално преку обуки,семинари,советувања и верткално во согласност со Законот за стручно образование и обука.

Со програмата  за шминкер се дефинираат потребните знаења, вештини и компетенции со кои може да ја организира работата во салонот, успешно да  комуницира со клиентите, шминка според барањата на клиентите, според  карактеристиките на лицата од  клиентите  .Програмата  обезбедува стекнување на  вештини за  дневна, вечерна и свечена,за фотографирање,целна и специјална шминка.

Програмата содржи и часови   за одржување на лична хигиена и хигиена на простор,опрема,алат и прибор.

Програмата  обезбедува познавања на административни,комерцијални, и претприемачки знаења,вештини и компетенции за самостојно стопанисување

Програмата  бара голем процент на практична обука кај работодавач од 60-70% и учество на независен работодавач(работодавач кај кој несе спроведувала практичната обука на ученикот) во проверка на стекнати вештини и компетенции за занимањето.

 

Резултати од програма

[:mk]  По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да :  
  • комуницира со клиенти,
  • организира работа во салон,
  • применува мерки за безбедност и здравје при работа и заштита на животна средина,
  • одржува алат и опрема,
  • подготвува материјали,прибор , алат и опрема за шминка,
  • подготвува клиент за шминка,
  • применува соодветни препарати за шминка,
  • применува техники на дневна шминкање,
  • применува техники на вечерна шминка,
  • применува технки на свечена шминка,
  • изготвува цени за услугите,
  • работи креативно и иновативно.
   [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]  Учесниците во програмата нема потреба да поседуваат претходни знаења и вештини, но е потребно да имаат желба да се обучат за шминкер. Треба да имаат најмалку основно образование и да се постари од 15 години, а можат да се вклучат и кандидати со завршено средно и високо образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 32 20
Пракса 112 70
Оценување 16 10
Вкупен број на часови 160
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support