Опис на програма

Програмата Шминкер има за цел обука на возрасни лица за стекнување на знаења и вештини за занимање од областа на шминкерството.

Основа за изработка на програмата е стандард на занимање Шминкер

Реализацијата на програмата е преку теоретски часови, практична обука и проверка на знаењата и вештините на учесниците. Теоретскиот дел се реализира во соодветно опремена училница/кабинет, а практичната обука се реализира во козметички салон опремен според барањата на стандардите за вршење на дејноста.

Оценување и вреднување на постигањата на секој учесник во програмата ќе се изведува тековно и на завршен испит.

Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат за Шминкер и ќе биде оспособен за самостојно организирање на простор и работа, изведба на индивидуална, целна и специјална шминка,  примена на деловна комуникација со клиенти, водење евиденција и подготвување пресметки за работата,  познавање правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис и почитувње работна етика и морал, применување на санитарно технички норми за заштита на животната и работната средина и интерес за напредување во професијата.

Програмата Шминкер нуди можност за напредување на учесникот во други обуки или повисоки нивои на квалификации од областа на козметиката.

Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 80 часа се стручна теорија, а 17О часа се практична обука во реални работни услови. Термините во кои ќе се реализира програмата се договараат со учесниците.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и возраст на учесникот над 15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 80
No instructions found !
Пракса 170
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support